![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
||||||||||||||||||||||||||
![]() |
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||
|
Сто години од албанската азбука
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
На 22 ноември пред точно сто години во Битола е завршен конгресот за унификација на албанското писмо кое потоа станува стандардно
за албанскиот јазик на Балканот.
Покрај латинското, врз денешната албанска азбука влијаеле и грчкото, турското и словенското писмо, вели професорот на Филолошкиот факултет во Скопје, Авзи Мустафа. Доказ за различните влијанија, вели Мустафа, има и во првиот буквар на албанскиот јазик издаден во 1844. БиБиСи го праша професорот Мустафа кои се најсилните влијанија врз денешниот изглед на азбуката на Албанците? -„Албанците и другите народи што живееле на овие простори го употребувале и грчкото писмо, но има и дел од Албанците кои употребувале и некои букви кои им недостасувале, за да го изразуваат гласот на албанскиот јазик, па употребувале и словенски букви. Така што, првата книга што е печатена во 1555 година, за некои букви се употребени словенските букви, старата глаголица, подоцна и кирилицата." БиБиСи: Дали има и некоја друга, социолошка димензија на употребата на писмата кои што не биле автохтони на јазикот? -„Свети Климент Охридски не бил само учител на Словените, туку и дел од Албанците учеле во Свети-климентовото училиште, околу 300 студенти, ученици Албанци произлегле од таму. Ние ја имаме, исто така и турско - арапската азбука, особено таа се засили токму кога се усвои денешната албанска азбука, тогаш почнаа да се објавуваат буквари со турско - албанска азбука. Во 1847 година во село Ниќипур е најден еден црковен документ, напишан со словенски букви, а зборовите се албански, многу интересен. Има и дел каде се зборува за Словените и за Македонците. Таква е нашата судбина, ние заедно со Македонците живееме еден покрај друг. После 1913 година кога Албанија била распарчена и дел останува под српска окупација, секако, тие отвориле свои училишта и ги употребувале за практични работи српските букви со албански зборови. Но, еден е, унифициран албанскиот јазик и се користи секаде каде што се наоѓаат Албанците“ - вели професорот Авзи Мустафа во разговор за БиБиСи. |
||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||
|