Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 19. Ноември 2008 - Објавено на 16:54 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Македонија садеше шест милиони дрвца
 
Граѓаните се вклучија во акцијата (Photo:MIA)
Граѓаните се вклучија во акцијата
По повеќедневно рекламирање на телевизиите и весниците, со прецизно назначено време и место каде луѓето ќе можат да се се качат на автобусите кои ќе ги одвезат до локациите, почна садењето на шестте милиони дрвца.

Ова е втора акција за садење – првата во март годинава беше поддржана од Европската унија и Обединетите нации.

Тогаш беше речено дека се засадени два милиони дрвца, а сега се садат три пати повеќе.

И тогаш и сега, садењето го предводи оперскиот пејач Борис Трајанов.

-„Засадено е се’, над пет милиони дрвца“.

БиБиСи: „Прилично голем залак – шест милиони дрвца во држава од два милиона луѓе. Како се постигна сето тоа?

-„Е па, се гледа дека не сме толку назад како што некои не сметаат во Европа“, вели Трајанов.

Зад кампањата застана и целата влада.

Премиерот Груевски ги предводеше министрите во садењето дрвја, а пред некој ден тоа го правеа и повеќе амбасадори во земјата.

-„Ефектот од рекламата е поголем од пошумувањето“, вели Ѓорѓи Самарџиев, сопственик на приватен расадник.

Тој го поздравува садењето, но смета дека кампањски акции не можат да ги остварат саканите ефекти.

-„Кога сето тоа се работи плански, ефектите можат да бидат многу поголеми отколку да се работи вака кампањски и популистички“, вели Самарџиев.

Засадени над 5 милиони дрвца (Photo:MIA)
Засадени над 5 милиони дрвца

Од друга страна, главниот изведувач на акцијата, јавното претпријатие „Македонски шуми“ вели дека се изведени сите потребни подготовки.

Директорот Ангеле Спировски вели дека садењето шест милиони дрвја во еден ден – не е голема филозовија.

-„Ако имаме 2,2 милиони граѓани на Македонија и 30% излезат да садат, верувајте дека во еден ден, еден граѓанин може да засади и по 10 дрвца, тоа не е никаква филозофија“, вели Спировски.

Околу трошоците – еве ја математиката на директорот Спировски.

-„Садницата донесена на лице место чини 12 денари. По шест милиони дрвца, заедно со подготовките, сето тоа чини околу 90 милиони денари“, пресметува Спировски.

Во медиумите беа споменувани и повисоки суми. Организаторите планираат акцијата да стане регионална.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Пред „Денот на дрвото“
18 Ноември, 2008 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>