|
ЕУ застана зад банкарската реформа
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Групата осум најразвиени земји во светот се согласи во блиска иднина да одржи самит со други клучни држави, на кој би се расправало
за ре-структуирањето на меѓународниот финансиски систем.
Водачите на Г-8 исто така рекоа дека се договориле повторно да ги отворат преговорите за светската трговија, кои пропаднаа на почетокот од годинава. Чекорот следи по бриселската расправа на лидерите на Европската Унија околу планот за помош на банките. Одобрување Францускиот претседател Саркози, кој моментно претседава со Унијата, рече дека цела Европа го одобри планот за финансиски спас. Лидерите на ЕУ вчера се собраа во Брисел, на почетокот од самитот на Европската Унија, каде се очекуваше да ја засилат координацијата за избегнување идни кризи и за борба против економското забавување. „Живееме во несекојдневни времиња", рече претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Барозо, „за што ни треба несекојдневно ниво на координација за европско и светско решение". На маса има планови за уште повеќе - европска група за управување со кризи, која рано би предупредила на надоаѓачките проблеми, посилна преку-гранична соработка и поголеми ограничувања на директорските бонуси. Британскиот премиер Гордон Браун побара одржување на светски самит до крајот на годинава, на кој би започнала радикална реформа на светскиот финансиски систем. Убедување Францускиот претседател Никола Саркози, кој претстедава со Унијата, веќе објави дека тој и Баросо викендов ќе патуваат во Соединетите Држави. Таму тие ќе го убедуваат претседателот Буш и можеби неговиот наследник, да се придружат и да се обидат да избегнат повторо топење, кое почна во Америка, но сега се одразува практично на секоја земја во светот. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||