BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 15. Октомври 2008 - Објавено на 16:18 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
„Компромис да, но не и диктат“
 
Нимиц со македонскиот држаен врв
Се подготвува одговор за „неприфатливиот“ предлог
Во Македонија се слушаат веќе спомнувани ставови во врска со спорот за името со Грција.

Министерот за надворешни работи Милошоски повтори дека Македонија е подготвена за компроис но не и за диктат, додека претстедателот Црвенкиовски како фер компромис посочи предлог кој веќе е отвфрлен од грчка страна.

Вкопување

Еден ден пред одржување нова координативна средба меѓу премиерот и претседателот на Македонија и еден ден по новата доза напнатост откако етнички Македонци од северна Грција се судрија со грчките безбедносни сили, во Скопје се вкопуваат позициите околу спорот со Атина за тоа која страна има повеќе право на името Македонија.

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денес по средбата со италијански дипломатски претставник повтори дека неговата влада нема да дозволи Грција да и наметнува име на државата:

„Принципот на национално самоопределување и избор на сопствено име е европски принцип и владата на Република Македонија ќе го штити. Подготвеност за компромис имаме, но не сме расположени тоа да биде диктат и понижување“, рече Милошевски.

Оваа изјава на Милошоски следеше по разговорите во Скопје со заменикот министер за надворешни работи на Италија, Алфредо Мантика, кој го пренесе ставот на владата во Рим, дека спорот со Грција не треба и не може да биде пречка за зачленување на Македонија во Европската Унија:

„Реков, во името на италијанската влада, дека актуелниот проблем со името не треба и не може да биде проблем за Македонија да влезе во Европската Унија“, вели Мантика.

Она што се очекува од утрешната лидерска средба е единствен став на Владата на Премиерот Никола Груевски и претседателот на државата Бранко Црвенковски, со кој би се настапило на преговорите водени од посредникот на Обединетите Нации Метју Нимиц.

Тие во последно време во јавноста настапуваат со различни позиции - премиерот е главно на стојалиштето дека нема мандат за промена на името без за тоа да се изјасни народот на референдум , што за Атина е неприфатливо.

Претседателот пак остава простор за додавка на името на државата, но со заштита на македонскиот национален идентитет, за да се дојде до побрз излез на Македонија од меѓународната изолација:

„Често пати ме прашуваат има ли такво фер решение, кое нама да го загрози нашиот национален идентитет. Сметам дека предлогот којшто беше даден пред самитот во Букурешт беше такво решение. Значи, додегашната времена референца ФИРОМ се заменува со Република Македонија (Скопје). Јазикот се именува како македонски, народот како македонски, и нема промена на уставот“, потсетува Црвенковски.

„Фер решение“

Но ова што Црвенковски синоќа го посочи како фер решение Атина уште во април годинава, го одби.

Грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани тогаш рече дека Република Македонија (Скопје) „не е име за држава".

Засега нема многу оптимизам дека утрешната средба во Скопје сосема ќе ги измазни внатрешните разлики меѓу македонскиот државен врв, а тие веројатно уште еднаш ќе испливаат на површина следната недела, кога за проблемот со името и грчката блокада за влез на Македонија во НАТО и Европската Унија се очекува да расправа и македонскиот парламент.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност