|
Америка во рекорден буџетски дефицит
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Годишниот буџетски дефицит на Соединетите држави достигна 450 милјарди долари.
Тоа е највисоката бројка која кога било е достигната и претставува повеќе од 3% од бруто домашниот производ на земјата. Министерот за финансии на Соединетите држави Хенри Полсон рече дека бројките се одраз на кризата на пазарот со недвижнини и забавениот економски раст. Аналитичарите велат дека дефицитот следната година може да достигне 700 милјарди долари, колку што чинеше и планот за спас на американските банки. Инаку тргувањето на азиските берзи, по дводневните остри растови, стивна. Ова следи по интервенцијата на повеќе влади во светот да ги подобрат финансиските системи. Во Јапонија- еден ден по остварената најголема добивка од постоењето на оваа берза, Никеи индексот малку опадна. Слично нешто се случи и во Австралија. Вчера во Њујорк акциите на Вол Стрит опаднаа малку кон крајот на тргувањето, но инвеститорите остварија профит откако акциите во понеделникот нагло пораснаа. Инаку вчера Американскиот претседател Џорџ Буш го соопшти планот со кој владата треба да вложи 250 милијарди долари купувајќи акции во банките кои се соочуваат со големи финансиски проблеми. Буш рече дека парите се дел од пакетот од 700 милијарди долари кој веќе го одобри Конгресот. Претседателот рече дека тоа е неопходна краткорочна мерка за да се обезбеди опстанокот на американскиот банкарски систем. Тој рече дека банките ќе бидат охрабрени да ги купат назад акциите кога ќе бидат во можност да го сторат тоа. Буш исто така рече дека владата привремено ќе го гарантира поголемиот дел од новиот долг издаден од банките и ќе го прошири осигурувањето за без-каматните сметки. Како реакција, акциите на Вол Стрит остро пораснаа по соопштението на претседателот Буш. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||