BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 13. Октомври 2008 - Објавено на 16:15 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Скопје бара измени, Атина тактизира
 
Црвенковски и Караманлис
Македонија зборува за неприфатливост на најновиот предлог
Откако посредникот на ОН Метју Нимиц го даде својот последен пакет идеи за решение на спорот со името, македонските и грчките власти го подготвуваат својот конечен одговор и забелешки.

И додека Македонија и официјално бара сериозни измени во предлогот, во Атина се уште тактизираат.

Предлози

Експертите од двете страни, пак препорачуваат да се предложат модификации на предлогот, но и дека не смее да се испушти шансата за решение на долгогодишниот спор.

Рокот што посредникот Метју Нимиц им го даде на Македонија и Грција да се изјаснат за неговиот последен пакет идеи е две недели.

Медиумите во двете земји веќе во целост го објавија, но на забелешките што ќе ги имаат официјална Атина и Скопје се уште се работи.

Експертите не гледаат проблематични точки во предлогот за кои не моѓже да се постигне доовор.

Грчкиот аналитичар Јоргос Капопулос вели дека се работи за чесен компромис за двете страни.

„Од грчка страна, мислам дека предлогот на Нимиц со мали модификации, може да се прифати.“

Фокус

Професорот по меѓународно право Љубомир Фрчковски исто така смета дека се дадени предлози кои главно се познати.

„90% од прашањата се решени на начин на кој ние немаме некој значаен коментар.“

Но професорот Фрчковски посочува дека Македонија не смее да отстапи по прашањето за јазикот и нацијата, кои „мора да бидат македонски и за тоа да не се преговара“.

Мапа на дел од северна Грција

„Наместо голема расправа за предлогот прифатлив нерпифатлив, треба да се каже дека таа одредба не може да биде дадена во алернативи. За нас единствено е можноста нашата нација и јазик да се нарече со атрибутот македонски. Околу тоа треба да се фокусираме.“

Шанса

Капопулос пак тврди дека Грција не е соседот што не го признава македонскиот идентитет, туку тоа е Бугарија и затоа не гледа проблем што не може да се реши.

„За двете страни ова е најдобра шанса да се стори нешто пред смената во Белата куќа. Ако тоа не се случи, преговорите со посредство на ОН, нема да може да функционираат. Замислете со што ќе се соочи новиот американски претседател – со економска криза, со односите со Русија. Двете страни мора да покажат зрелост.“

Додека експертите дебатираат за идеите на Нимиц и кои би можеле да бидат следните чекори, она што засега се најавува на оваа тема е средба на политичките лидери во Македонија в четврток, но и парламентарна расправа на 21 октомври.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност