|
Светските берзи во пораст, по светските мерки
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Цените на акциите во Соединетите држави закрепнаа по значајните добивки во тргувањето во Европа и Азија.
Главниот берзански индекс во Њујорк, Дау Џоунс порасна за повеќе од 6 проценти. Растот доаѓа откако владите и централните банки низ светот објавија натамошни мерки за да ја обноват довербата и да дадат потпора на банките и стагнирачкиите пазари на кредити. Британскиот премиер Гордон Браун рече дека настаните покажале дека глобалните проблеми бараат глобални решенија. А поранешниот главен економист на меѓународниот монетарен фонд Џозеф Стиглиц рече дека мора да има фундаментални промени во начинот на кој дејствува финансискиот систем. Четири големи централни банки рекоа дека ќе стават на располагање неограничени суми пари како поддршка на банкарскиот систем. Германија, Франција и Шпанија објавија дека ќе потрошат стотици милјарди долари во вид на државни гаранции за да ги зајакнат нивните банки и да ги охрабрат да почнат да си позајмуваат една на друга. Германскиот канцелар Ангела Меркел понуди околу 130 милјарди долари заем за банките кои беа најпогодени од економската криза и повеќе од 500 милјарди како гаранции за меѓу-банкарското позајмување. Слични мерки најави и францускиот претседател Никола Саркози, а Шпанија објави дека создава фонд од 100 милјарди долари како гаранција за заемите меѓу банките. Во Соединетите држави, Министерството за финансии е се поблиску кон купувањето акции во проблематичните финансиски институции. Портпаролот на министерството Неел Кашкари рече дека неговиот тим се уште работи на тоа како да ги преземе лошите кредити
кои се средиштето на финансиската криза , но исто така е во разговори да купи акции во неколку банки. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||