|
Лукашенко слободен да патува во ЕУ
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Европската Унија ја прекина забраната за патување на белорускиот претседател Александар Лукашенко и други високи претставници.
Дипломатите велат дека целта на чекорот е да се охрабри демократијата во земјата која често се нарекува „последната диктатура во Европа“. По четири години политичка изолација од остатокот на Европа, белорускиот претседател Александар лукашенко и 40-тина други високи претставници сега се слободни да патуваат во Европската Унија. Дипломнатите велат дека забраната за патување ќе остане само за петмина високи претставници, вклучувајќи го и шефот на изборната комисија и други за кои се верува дека се вклучени во исчезнувањето на политичките противници. Прекинувањето на забраната одново ќе се разгледува за 6 месеци, но замрзнувањето на сметките на белоруските претставници засега ќе остане. Затоплување Затоплувањето на односите започна летово кога поранешната советска република ги ослободи последните тројца политички затвореници и одби да ја следи Русија во признавањето на сепаратистичките региони на Грузија. Еврро-комесарот за надворешни работи Бенита Фереро-Валднер која претходно се сретна со белорускиот министер за надворешни работи Сергеј Мартинов, рече дека неодамнешните избори во Белорусија не ги исполниле меѓународните стандарди, но дека Европската Унија мора да го награди напредокот за да го охрабри натамошниот политички развој. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||