|
Ахтисари добитник на Нобеловата награда
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Годинешнава Нобелова награда за мир му е доделена на поранешниот претседател на Финска, Марти Ахтисари.
Норвешкиот нобелов комитет соопшти дека Ахтисари е извонреден посредник, кој во изминативе триесет години помогна во решавањето на судирите во многу делови на светот. Се додава дека тој ја имаше решавачката улога во изнаоѓањето решение за сложените конфликти на Косово и индонезиската провинција Аче. Говорејќи за БиБиСи Ахтисари рече дека тој заклучил оти секој судир може да биде решен и дека e срамота за меѓународната заедницa што постојат толку многу замрзнати судири. Тој и' е особено познат на балканската јавност по својата улога на посредник во решавањето на косовското прашање. Во интервју за БиБиСи, Ахтисари зборуваше зошто воопшто посредувал во изминативе триесет години. „Верувам дека е срамно за меѓународната заедница тоа што постојат толку многу замрзнати конфликти и бидејќи дојдов до заклучокот дека секој конфликт може да биде разрешен. И се разбира веројатно затоа што сум добар во оваа работа. Тоа е мојата професија". Ахтисари и самиот е бегалец од градот Карелија, кој во 1944-тата му беше препуштен на Советскиот Сојуз. Тоа му овозможило да го разбере влијанието на судирите. „Јас лично сум постојано раселена личност. Кога ќе станете бегалец, вечно изместена личност, кога сте во милост на сограѓаните кои многу се грижеа за мене и мајка ми, тоа веројатно влијае врз вашиот живот." Па, дали неговата личност и неговото потекло го прават добар за оваа работа? „Јас сум оптимист и во животот. Верувам дека нештата можат да се сменат. Мора да се разбира и економијата. Не можете да се справувате со проблемот ако не разбирате што значи да се биде пропадната држава. Тогаш почнува вистинската работа, бидејќи морате да имате помирување во општеството." |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||