BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 10. Октомври 2008 - Објавено на 16:53 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Предлогот не е основа за преговори
 
Бранко Црвенковски
Бранко Црвенковски
Кабинетот на македонскиот претседател Бранко Црвенковски соопшти дека последниот пакет идеи на медијаторот во грчко-македонскиот спор околу името, Метју Нимиц не може да претставува основа за натамошни преговори и за надминување на спорот.

Во соопштението од кабинетот на претседателот Црвенковски се вели дека без сериозни измени новиот предлог не би можел да биде основа за дефинитивно надминување на спорот, но не се наведува кои се спорните точки.

Првични оценки на претседателот доаѓаат по неговите разговори со преговарачот Никола Димитров кој завчера се сретна со Нимиц, кога му беше даден овој пакет идеи.

Црвенковски најави дека во текот на следната недела ќе свика координативна средба на државниот врв на која ќе се раправа за ова прашање.

Македонската влада која во Њујорк ја претставуваше Мартин Протоѓер сеуште не се произнесе со став и се очекува тоа да го стори по координативната средба.

Грчко-македонскиот спор за името трае 17 години и беше причина за блокадата на приемот на Македонија во НАТО, а се поизвесно е дека ќе ги попречи натамошните чекори на Македонија кон Европската Унија.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност