|
Името Македонија неспорно за Косово
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Признавањето на Косово од неговите непосредни соседи е акт кој владата во Приштина долго време го очекуваше.
Откако тоа фактички се случи оттаму стигнуваат сигнали дека добрососедските односи со Македонија ќе бидат битен дел од надворешната политика на Приштина. Но, во македонската јавност остана да провејува прашањето - под кое име Косово ќе и' се обраќа на Републиката. БиБиСи побара од косовскиот министер за надворешни работи Скендер Исени да расчистува некои од дилемите и го прашав какви се првичните реакции на признавањето? Исени: -Тоа е реакција на потполно ценење за одлуката која ја донесе Владите на Македонија и Црна Гора. Признавање на Косово како независна и суверена држава. Сметаме дека овие две признавања доаѓаат во еден круцијален момент. Всушност и двете одлуки не можеа да дојдат во поважен момент. БиБиСи: Од кои причини ова време е клучно? Исени: -Клучно поради критичниот момент низ кој што минува целиот регион. Со решавањето на статусот на Косово како последен проблем во регионот во контекст на неконсензуалниот распад на поранешна Југославија. Признавањето на Косово од Црна Гора и Македонија е голем придонес за трајната стабилност на Балканот. БиБиСи: Неколку пати споменавте „Македонија". Но главната загриженост во Македонија е прашањето под кое име Косово ќе ја ословува Македонија? Можете ли тоа да го искажете јасно? Исени: -Апсолутно. Името Македонија воопшто не е тема за Косово. Што значи дека Косово ќе ја признае односно ја признава Македонија под името избрано и преферирано од нејзиниот народ и Владата во Скопје. Овде всушност нема отворено прашање. И нема други отворени прешања меѓу Косово и Македонија-демаркацијата на границата оди во одлична атмосфера, и се’ друго оди со одлично темпо. И иднината на односите меѓу Македонија и Косово е иднина на блиска соработка во областите на економијата во сите можни области. Се надеваме дека Србија ќе им се приклучи на регионалните напори за соработка - овој акт на признавање на ниту еден начин не треба да биде третиран како акт против Србија. БиБиСи: Но изгледа дека тоа барем во моментов се гледа како на акт против Србија. Беа протерани амбасадорите на двете земји од Белград. Сеуште ли може да се зборува за стабилност на Балканот? Исени: -Апсолутно може. Изразувам жалење поради тоа што амбасадорите беа протерани, како што велите. Но јас мислам дека на долги патеки, и во Белград ќе има воочување на фактичката состојба и дека блиската регионална соработка и пријателските соседски односи меѓу земјите на западниот Балкан е неизбежно. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||