BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 09. Октомври 2008 - Објавено на 16:16 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Акциите и натаму паѓаат
 
Најлош ден во Токио по 1987
Акциите продолжуваат остро да паѓаат во цел свет.

Во Лондон, Париз и Франкфурт тие паднаа за 10%.

Азиските берзи исто така значително паднаа а токискиот индекс „Никеи" се затвори минус 10%, речиси рекорден пад веќе втор пат неделава.

Другите азиски берзи го следеа претходниот тренд во Њујорк, каде ненадејниот пад во последниот час од тргувањето го спушти индексот „Дау Џонс" под 9000 поени за прв пат во пет години.

Руските власти пак објавија дека главните берзи во Москва нема да се отворат.

Во меѓуврме, британскиот премиер Гордон Браун повика на усогласени меѓународни напори против тековната криза.

Пишувајќи во весникот „Тајмс" тој ги повика земјите да го следат примерот на Британија со план за спасување и побара глобално решение.

ММФ

Вчера, шефот на меѓународниот монетарен фонд, Доминик Штраус Кан рече дека светот може да се справи со светската финансиска криза само ако државите ги усогласат нивните напори.

Предвидувајќи раст од нула проценти во развиените екомномии за идната година, Штраус Кан рече дека светот е на пресвртната точка од рецесијата.

Неговите коментари доаѓаат додека тргувањето на „Вол стрит“ започна со поголема вредност на акците за 1%, ден откако главните западни земји ги намалија каматните стапки и внесоа голем капитал во нивните финансиски пазари.

Европските берзи исто така забележаа добивки. Јапонската берза затвори со мал пад, а Хонг Конг, Сингапур и Јужна Кореја пораснаа.

Исланд

Властите во Исланд ја презедоа последната независна и најголема финансиска институција во земјата, „Кауптинг“.

Ова е трето вакво преземање во последниве денови.

Финансиските регулатори велат дека потегот бил неопходен за да се гарантира функционирањето на домашниот банкараски систем и да се заштитат домашните депозити.

Во меѓувреме, целото тргување на берзата во Рејкјавик беше суспендирано до понеделник.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Британија во водство
09 Октомври, 2008 | Вести
Македонски берзански реакции
09 Октомври, 2008 | Вести
Британски план против кризата
08 Октомври, 2008 | Вести
Македонскиот систем - стабилен!
07 Октомври, 2008 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност