BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 06. Септември 2008 - Објавено на 18:06 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Македонија ја победи Шкотска
 
Од натпреварот Македонија Шкотска
Илчо Наумовски слави за постигнатиот гол
Македонија го положи првиот испит на патот кон светското првенство во фудбал што ќе се одржи во Јужна Африка 2010.

Денеска на скопскиот Градски стадион со голот на Илчо Наумовски веќе во петтата минута Македонија ги освои првите 3 бода против репрезентацијата на Шкотска.

Горан Мазнов изнуди прекршок на 20-тина метри од голот на Крег Гордон, капитенот Гоце Седловски биеше по земја покрај живиот ѕид, а одбиената топка од стативата, Илчо Наумоски од 5 метри ја смести во мрежата на шкотската репрезентација.

Се обистинија стравувањата на неколкуте илјади Шкотланѓани кои допатуваа во Македонија за да ги бодрат своите репрезентативци, дека високата температура од околу 35 степени целзиусови не соодветствува за шкотскиот фудбал.

Необични гости

Неколку дена пред натпреварот, Скопје живееше во пријатна атмосфера за која придонесоа навивачите од Шкотска.

Неколкуте илјади гости, повеќето мажи облечени во традиционалните шкотски здолништа или килтови, беа љубезно дочекани, а откако еден од навивачите од клубот „Тартан Арми" пред медиумите и македонските навивачи на цел глас ја испеа песната „Македонско девојче" - паднаа сите бариери.

Забавата со веселите странци во здолништа траеше до долго во ноќта низ кафеаните во македонскиот главен град.

Денеска пак по победата над Шкотска, Македонците на шега посакуваат продолженото лето во земјата да потрае барем до среда и повторно да биде на страната на македонската фудбалска репрезентација, кога на Градски стадион ќе се одигра уште еден квалификациски натпревар со репрезентацијата на Холандија.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност