|
Музиката и личноста
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Заборавете на читањето ѕвезди и псхиометриските тестирања. Ако сакате да научите нешто повеќе за вашиот карактер, можеби би
било подобро да погледнето во вашата колекција плочи.
Според ново истражување, типот на музиката што ја слушаме открива многу за нашата личност. Поврзанот Има ли врска меѓу диско, панк, фанк и класична музика? Дали нашиот вкус за музика ја определува и нашата личност. Па, психолозите на универзитетот „Хериет“ велат - да. Според нив, љубителите на диско музиката се типично вредни луѓе, но не многу креативни. Тие кои што сакаат фанк, веројатно се мрзливи, но отворени. А ова е малку чудно - луѓето што сакаат денс музика, не се многу нежни. -„Секако дека секој ја користи музиката за да се дефинира себе си. Млади шетаат низ градот облечени само во црно, љубителите на кантри во каубојска музика. Знаеме дека музиката сочинува голем дел од музиката, само што не знаме како е таа дел од личноста", вели психологот Адријан Норт. Добро. Луѓето кои што сакаат класична музика се чини дека се креативни, смирени, но не многу отворени. Така што, да се зборува со нив, може и да не биде лесно. -„Да, смирен сум." -„Дефинитивно смирен, особено по второто шише Кларет." Отворени? -„Да, многу отворена." -„Не, јас сум многу срамежлив." Чудна врска А сега, уште почудно - луѓето кои што сакаат „хеви-метал“, често имаат исти карактеристики како оние кои што сакаат класична музика, барем според ова истражување: креативни, смирени и по малку срамежливи. Но често, тие се и многу нежни. Па зар ова може да е точно? Затоа прашавме некои „хеви-металци“. Дали сте нежен? -„Да. Ние не се маваме со боксови." -„Да, нежни сме, одвнатре." Истражувањето се’ уште трае, а психолозите сакаат во него да учествуваат повеќе луѓе. Па, повелете. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||