|
Рајс кај Гадафи во Либија
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Aмериканскиот државен секретар Кондолиза Рајс денес ја почнува највисоката посета на американски претставник на Либија по
повеќе од педесет години, каде ќе се сретне со либискиот водач, полковникот Гадафи.
Односите меѓу двете земји се влошија откако Гадафи дојде на власт во 1969 тата година, но драматично се подобрија пред пет години, кога Либија ја прифати одговорноста и исплати компензации за жртвите од бомбашкиот напад врз американски патнички авион над Локерби, Шкотска, во 1988-та. Како причина за подобрувањето на односите Рајс го наведе и откажувањето на Либија од оружјето за масовно уништување и тероризмот. Посетата означува целосна рехабилитација на полковникот Гадафи, човекот кого поранешниот американски претстедател Роналд Реган го опишуваше како „лудото куче од Блискиот исток". Нема сомневање дека полковникот Гадафи ги промени клучните аспекти на неговата надворешна но и домашната политика во последните неколку години. Тој ги отфрли плановите за производство на оружје за масовно уништување и исплати милиони долари за компензација на жртвите на тероризам за кој беше обвинет дека го спонзорирал. Неодамна тој навести дека ќе се откаже од државната контрола врз економијата и ќе охрабри извесна форма на капитализам. Тој зборуваше за слобода и демократија . Но за оние кои добро го познаваат либискиот водач, секогаш има голем јаз меѓу она што тој го зборува и тоа што всушност го прави. Основно е што уникатниот политички систем што полковник Гадафи го основаше пред речиси 40 години - останува недопрен. И покрај реториката на либискиот лидер за коренмита демократизација - која тој ја нарекува „џамахирија„ власта во Либија останува сконцентрирана во негови раце и мал број луѓе од внатрешниот круг, во кој е вклучено и неговото семејство. Либија се’ уште има едно од најлошите досијеа во светот во однос на човековите права, каде што политичките дисиденти остро се казнуваат, некогаш и со егзекуција или тортура во либиските затвори. Болката на западните жртви нанесена од пакоста на либискиот лидер беше признаена и надоместена. Но либиските жртви на репресиите на полковникот гадафи можеби ќе почекаат некое време пред да можат да видат било каква форма на надомест. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||