 |
|
| Дик Чејни |
Американскиот потпретседател Дик Чејни вели дека Украина би требало да живее без страв од воена инвазија или заплашување,
поддржувајќи ги заложбите на Киев за вклучување во НАТО.
Чејни ова го изјави по средбата во Киев со украинските лидери посветени на тоа како да се одговори кон руската воена интервенција
во Грузија, прашање кое доведе до длабоки поделби меѓу украинското раководство.
Во исто време американски воен брод пристигна во грузиското пристаниште Поти натоварен со 17 тони хуманитарна помош.
Москва остро ги критикувапше коментарите на Чејни и присуството на воениот брод.
|