BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 27. Август 2008 - Објавено на 16:19 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Празник на филмот во Венеција
 
Подготовки за филмскиот фестивал
Подготовки за филмскиот фестивал
Вечерва во Венеција почнува филмскиот фестивал кој заедно со оној во Кан се смета за најзначаен филмски настан во Европа.

Фестивалот стартува со вистинска посластица за љубителите на филмовите на браќата Коен - нивната нова сатирична комедија „Изгори по читањето", во која играат Џорџ Клуни и Бред Пит, ги полни насловните страници.

На 65-то издание на фестивалот, за главната награда „Златниот лав" ќе се натпреваруваат 21 филм, а меѓу фаворитите се и јапонските режисери Такеши Китано и Хајао Мијазаки.

Други силни кандидати се американскиот режисер Дарен Аронофски со филмот „Борач" и францускиот филмаџија Барбет Шредер со „Ѕвер во сенка".

Шеф на годинашново жири ќе биде германскиот режисер Вим Вендерс, а фестивалот му е посветен на египетскиот филмски автор Јусеф Шанин за кого се вели дека му даде нов почеток на филмот во арапскиот свет.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност