BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 27. Август 2008 - Објавено на 16:14 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Портпаролката на Судот во Хаг - пред суд!
 
Флоренс Артман
Артман беше портпарол на Карла дел Понте
Поранешната портпаролка на Судот за воени злосторства на Обединетите нации е обвинета дека откривала доверливи податоци околу судењето на починатиот српски лидер Слободан Милошевиќ.

Судот за поранешна Југославија во Хаг ја повика Французинката Флоранс Артман да одговара според две обвинувања за непочитување на судот.

Соопштението вели дека Артман со знаење и намерно ги откривала информациите во врска со тајните решенија на Апелацискиот суд.

Артман може да добие и до седум години затвор или глоба од 100 илјади евра ако биде прогласена за виновна.

Обвинението се однесува на нејзината книга издадена откако во 2006 ја напушти должноста портпарол на поранешната обвинителка на судот Карла дел Понте.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност