Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 23. Јули 2008 - Објавено на 09:25 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Скопје и храната
 
Скопје
Центарот на Скопје
Граѓаните на Скопје, главниот град на Македонија, не се баш сигурни кој им е типичниот градски специјалитет, а кога немате некој посебен специјалитет тогаш најверојатно се' што ви се допаѓа ви е специјалитет и го прифаќате како таков.

Шетајќи низ улиците на прочуеното Дебар-маало во Скопје, ќе налетате на многу кафеанчиња и ресторани кои нудат традиционална македонска храна.

Но, кој е традиционалниот скопски специјалитет, праша Елеонора Венинова?

-„Па типично скопско јадење ти е чорба од некаде 9-10 саат, шопска салата и кебапчиња.“

„Гравче тавче“

-„Па не знам колку е тоа типично, ама ние сме навикнати на чорба – е сега таа чорба некаде ја нарекуваат битолска, некаде тетовска. Ние бидејќи живееме во Скопје, за нас чорбата е типично скопска.“

Во отсуство на едно јадење коешто најдобро го отсликува метрополскиот дух на Скопје, отидовме во неколку од кафеанчињата –прочуената „Идадија“, „Папу“, „Кај Перо“ и ги прашавме нивните сопственици – кои се најнарачуваните јадења?

-„Ова е ќебап маало. Најмногу ќебапчиња се продаваат, после гравче тавче, плескавица шарска, плескавица со кашкавал, со кајмак и друго скара – кременадла, раженче, ова – она, ти реков – ми рече...“

-„Па во ’Папу% најмногу ги бараат салатите, салатите ни се специјалност и квалитетното месо што е секогаш свежо и убаво поготвено.“

-„Крилца и ќебапи се најбарани.“

А има некои потипични македонски специјалитети што се бараат?

-„Па ако ќебапче е македонски специјалитет – тоа е“.

Бурекот, ќебапчињата, чорбата добиваат конкуренција во суши, васаби, тортиљи.

Иако скопјани и понатаму им се најверни на традиционалните домашни специјалитети, сепак се’ почесто се решаваат да седнат и во некои од интернационалните ресторани – јапонски, кинески, индиски, кои ги има во истото ова скопско Дебар-маало.

Во секој случај, оваа кулинаркса разновидност го прави Скопје поинтересен град и веројатно го прави метропола.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Кумановски „мезл'к“
14 Јули, 2008 | Вести
Прилепски ширден
15 Јули, 2008 | Вести
Шкембарска шкембе чорба
17 Јули, 2008 | Вести
Тетовско гравче-тавче
18 Јули, 2008 | Вести
Познатото битолско мезе
23 Јули, 2008 | Вести
Струшки ѓомлезец
25 Јули, 2008 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>