Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 24. Јули 2008 - Објавено на 08:14 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Познатото битолско мезе
 
Ресторан на Широк сокак во Битола
-„Во минатото, зборувам за 19 век, 18 век, посебно јадење уште попознато од шкембе чорбата е мезето"- вели пензионираниот професор по македонски јазик и историчар на градот Александар Стерјовски.

Мезе е јадење подготвено од се' што е внатрешност на добитокот, како што јавува од Битола Дивна Грданова Караџоска.

Според професорот Стерјовски, во тоа време постоеле специјализирани готвачи - мезеџии.

Подготвеното јадење со сите потребни состојки го ставале во грне обложено со тесто кое цела ноќ минувало во добро загреана фурна а следниот ден го продавале во чаршијата и по пазарите.

-„Муштерија ќе оди кај мезеџијата.. 'Сечи ми за два динари од шкембето'...Па ќе му сечи од шкембето, а тој носи половина сомун леб пресечен наполу, ќе му стави од ... или пак од кукурецот или од црниот дроб, па ќе му тури и доста сол и тоа е главниот оброк за чираците, калфите итн.“

Мезеџиите имале свои стојалишта, како она на Ленски мост од каде започнува приказната за османлискиот султан Сулејман Решат V, кој во 1911 година три дена престојувал во Битола. Од тенџерињата се ширела опивачка миризба....

-„Го застанал кочијашот и гледа кој е почист, сите биле гнасни. Гледа еден почист... 'Сечи бе пезевенк од мезето! Леб имаш?' - 'Имам' - 'Клај!' Проба еднаш, 'чок ѓузел', многу убаво, пробал уште еднаш ... 'ооо, чок ѓузел, многу, многу убаво."

Приказната понатаму има и историски факти регистрирани и од снимателот Милтон Манаки.

Тогашниот битолски валија на Тумбе-кафе приредил теферич, односно гозба за Султанот, а специјалитетите од шкембе биле главното јадење.

Од могу чистење и долга подготовка зачинета со страв, вкусот бил инаков, па валијата се заканил со сечење на главата на готвачот.

-„Скокнал валијата ... 'Шо напрај бе пезевенк, нели ти реков да го направиш најубавото мезе, а ти што си направил!"

Нема докази за судбината на тогашниот најдобар битолски мезеџија.

Приказната е показ дека специјалитетите од шкембе, чорбата, мезето, дури и салатата, се задржале како главно јадење и во 20 век.

Затоа битолчани ги викаат „шкембари".

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Прилепски ширден
15 Јули, 2008 | Вести
Шкембарска шкембе чорба
17 Јули, 2008 | Вести
Тетовско гравче-тавче
18 Јули, 2008 | Вести
Скопје и храната
23 Јули, 2008 | Вести
Струшки ѓомлезец
25 Јули, 2008 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>