Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 22. Јули 2008 - Објавено на 11:10 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Пастрмајлии од источна Македонија
 
Има ли конкуренција за велешката пастрамјлија?
Во нашата серија за традиционалната кујна, рецептите и локалните специјалитеит во Македонија, одново сме кај питата-пастрмајлија за која постојат повеќе рецепти, од кои еден е и штипскиот. Ристе Панов јавува.

Во кафеаните и во домашните кујни во сезоната за пастрмајлии во Штип дневно се прават и по 5.000 парчиња.

За начинот како се подготвува штипскиот специјалитет, кажува угостителот Стојан Зарков:

-„Се меси тестото како за леб, само се меси многу помеко. Се формира елипсовиден облик и се полни претходно подготвено месо, чисто свинско, кое е зачинето со сол, црн пипер и црвен пипер и се пече со маст."

Многу странски и домашни естрадни уметници кога доаѓат во Штип забораваат на својата диета, а политичарите ни се редовни муштерии, но доаѓаат и луѓе од други градови кои ја порачуват штипската пастрмајлија, додава Зарков:

-„Има порачки носено низ многу земји во Европа, а еден наш сограѓанин однесе во јужна Африка. Ги носеше замрзнати и кажа дека лугето биле задоволни.“

Што велат штипјани за нивниот специјалитет?

-„Кога ќе дојде зима, прво што ќе си помислам е да си апнам штипска пастрмајлија, со црвено винце најубаво оди."

-„Кога ќе влезе буквата Р во месецот тогаш се јаде прстамајлијата."

-„Специфично е тестото, меко е и лесно за јадење."

-„Месото има посебен шмек затоа што е зачинето со црвен пипер."

Локална мапа на Македонија
Секоја општина - свој рецепт?

Поради популарноста на штипската пастрмајлија од минатата година започнавме традиционално во Штип да ја организираме манифестацијата „Пастрмајлијада" каде се делеа и се правеа најголемите пастрмајлии, но работиме и за нејзино брендирање, вели Кирил Панајотов од локалната самоуправа на Штип:

-„Преземени се сите правни мерки конкретно во случајот, тие се при крај да ја заштитиме пастрмајлијата како производ и како бренд."

Особености

Во источна Македонија повеќето од градовите си имат своја пастрмајлија која се разликуват по составот и начинот на подготвување.

За свети николските зборува угостителот Александар Кузелов:

-„Свети николската пастрмајлија се подготвува од свежо направено тесто, свежо свинско месо, сирење овчо, јајце и свинска маст.“

Струмичанката Дивна Алексова за своите:

-„Струмичките пастрмајлии се прават со тесто, кашкавал, печурки и месо."

И за кратовските пастрмајлии кажува Ласте Петровски, раководител на „Угостителство" во Кратово:

-„Традиционална кратовска пастрмајлија се прави со суво месо, свинско пушено месо и по желба на гостинот се става исклучиво овча пастрма."

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Кумановски „мезл'к“
14 Јули, 2008 | Вести
Прилепски ширден
15 Јули, 2008 | Вести
Шкембарска шкембе чорба
17 Јули, 2008 | Вести
Тетовско гравче-тавче
18 Јули, 2008 | Вести
Скопје и храната
23 Јули, 2008 | Вести
Познатото битолско мезе
23 Јули, 2008 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>