Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 18. Јули 2008 - Објавено на 10:26 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Тетовско гравче-тавче
 
Тетово
Тетовци се горди на својата порција гравче-тавче
За еден петочен пост, логично е да се навратиме на приказната за тетовско тавче-гравче. Не дека на други места нема грав и специјалитети од него, ама како гравот „тетоец" подготвен во земјено тавче со сува пиперка - нема никаде, ќе ви речат тетовчани.

Во ресторанот „Кај Столе“ ѕвечкаат тенџерињата и чиниите. Се слуша македонска музика, а газда Столе подготвува тавче гравче јавува Маја Блажевска .

Мајсторот на кујната тешко ги открива тајните, но сепак го замоливме чичко Столе да ни го открие рецептот според кој со децении во тетовското подрачје се подготвува порцијата по која Тетово стана препознатливо во светот - тавче гравче.

-„Прво гравот треба да го исчистиме, да го потопиме во ладна вода, да одлежи најмалку три часа, потоа го миеме гравот и го оставаме да се вари. Се фрла првата вода затоа што има гасови. Во втората вода додаваме кромид, морков, ловоров лист, бибер во зрно. Посебно, запржуваме кромид, со црвена запршка, без брашно. После 90 минути кога ќе биде гравот готов, го додаваме кромидот, а посебно ќе запржиме сува пиперка... тука се тајните во вкусот на тетовскиот грав“- вели Столе Тушев, сопственик на кафеаната.

За печење се препорачува да се користи земјено тавче, на температура од околу 220 степени.

Земјената тава, освен што му дава автентичен лик на специјалитетот, ја држи топлината со часови по печењето.

Па кои зачини, миродии да не ги заборавиме за да биде вкусот на вистинското тетовско тавче-гравче, го прашуваме нашиот домаќин:

-„Сувата пиперка, најмногу вкус му дава-сувата пиперка“ - вели Столе.

Вкусно за јадење, но внимателно, гравчето има висока калориска вредност.

Затоа, велат постарите, децата на посиромашните фамилии во минатото биле полни, здрави и црвени- зошто гравот го имале на секојдневното мени.

-„Гравот има 25 хранливи материи, од кои 10 се најнеопходни за раст на мали деца. Гравот има некаде меѓу 330 и 350 калории во сто грама, без отпадок“ - вели Столе и додава дека климата е пресудна за тоа тетовскиот грав да стане надалеку познат бренд.

-„Поднебјето е многу битно, каде гравот е произведен. Тетовскиот грав не може да се сее во Радовиш, не може да се сее во Штип“, објаснува Столе.

Сопственикот на ресторанот „Кај Столе“ досега работел во пет државни и осум приватни ресторани, а готвач бил и во војска.

По долгото кафеанско искуство го прашуваме кој прави поубаво тавче гравче, тој или сопругата?

-„Мајсторот се разбира, а мајсторот сум јас, се знае тоа“ - вели нашиот домаќин.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Кумановски „мезл'к“
14 Јули, 2008 | Вести
Прилепски ширден
15 Јули, 2008 | Вести
Скопје и храната
23 Јули, 2008 | Вести
Познатото битолско мезе
23 Јули, 2008 | Вести
Струшки ѓомлезец
25 Јули, 2008 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>