Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 17. Јули 2008 - Објавено на 07:07 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Шкембарска шкембе чорба
 
Битола, готвење шкембе чорба
Потребен е цврст стомак и затнат нос за да се мине низ варењето
Во секогаш недораскажаното минато на Битола, тоа е храна за сиромаштијата, за некои - храна за отрезнување, а за трети - воведување на момчињата во светот на мажите. Напаѓана или исмејувана, шкембе чорбата си има свои љубители.

Подготовката на шкембе чорба вклучува шкембе, брашно, масло, многу мирудии, морков и ефтин извор на енергија, поради потребата од долго варење, јавува Дивна Караџоска.

Вера Кузмановска, шеф на кујна во ресторанот во Безистенот вели дека треба кулинарско искуство на почетокот на подготовката:

-„Шкембето најпрвин се чисти од внатрешниот дел. Потоа се потопува во врела вода околу 3-4 минути, а потоа се чисти - со лажица се гребе од внатре."

Цврст стомак

За ова ви треба цврст стомак или делумно оштетено сетило за мирис.

-„Откако ќе се исчисти, се вари. Шкембето мора да се вари долго, над 4 часа, затоа што може да остане тврдо и не може да се џвака. Потоа се вади и се сече на коцки или ленти. Се запржува брашно и се запржува исечкан морков. Се’ ова во подлабок сад, се додава вода (во однос 1:3), а потоа се додаваат зачините: вегета, бибер, ловоров лист. И се служи со лукче и киселина."

Шкембе чорбата не е само битолска.

Со грав или друга мешункаста култура, ја подготвуваат во Италија, со говедско, ориз и јајце - во Босна, а со благо млеко е грчкиот рецепт.

Шкембе

Но, само таа со „специјалнио сос" од оцетна киселина и едно чудо толчен лук е битолска.

И највкусна е кога се знае дека со секоја голтка добивате признание за прифаќање на битолскиот идентитет.

Искривени мали прсти

Шкембе чорбата придонела за симболичното претставување на битолчани како шкембари со искривени мали прстиња на рацете - од носење шкембиња.

Кујната е дел од културата која се менува.

Денес се помалку домаќинства подготвуваат чкембе чорба или пак мезе. Но затоа се’ уште постојат ресторани каде тоа е главниот специјалитет.

Искривените мали прстиња не станаа генетска аномалија.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Кумановски „мезл'к“
14 Јули, 2008 | Вести
Прилепски ширден
15 Јули, 2008 | Вести
Тетовско гравче-тавче
18 Јули, 2008 | Вести
Скопје и храната
23 Јули, 2008 | Вести
Познатото битолско мезе
23 Јули, 2008 | Вести
Струшки ѓомлезец
25 Јули, 2008 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>