|
Висок британски извор во разузнавањето изјави за БиБиСи дека постојат мошне силни показатели оти труењето на поранешниот руски
разузнавач Александер Литвиненко, кое се случи пред две години во Лондон, било поддржано од руската држава.
Остар критичар на претседателот Путин, Литвиненко почина од радиоактивен полониум а Британија го обвини поранешниот агент
Андреј Луговој за труењето.
БиБиСи дознава дека британската разузнавачка служба ЕмАј-пет верува оти минатото лето спречила обид за убиство врз уште еден
руски дисидент, олигархот Борис Березовски, кој потврди дека Скотланд јард го предупредил.
Еден Чеченец за кого се верува дека бил нарачаниот убиец е уапсен и протеран во Русија.
Изворот на БиБиСи вели дека инцидентот покажува оти руските разузнавачки служби продолжуваат да напаѓаат луѓе во странство.
|