|
Нема цели околу загадувањето
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Земјите во развој не го поддржаа повикот на лидерите на осумтте најразвиени земји во светот за намалување на штетните гасови
за најмалку 40% до 2050-тата.
Во соопштението од самитот на Групата Осум во Јапонија, индустриските земји и државите во развој - големи загадувачи, меѓу кои е и Кина, се вели дека се признава неопходноста од намалување на загадувањето. Американскиот претседател Џорџ Буш рече дека е договорено и заеднички да се работи на намалено испуштање на штетните гасови. Британски климатски експерт вели дека не се работи за ветување, туку за мал напредок. Но во извештаите од самитот се вели дека Индија и Кина не се подготвени да се обврзат со целта што вчера беше определна од Г-8. Водачите расправаа и за справувањето со растечките цени на нафтата и храната. Светските лидерти на самитот на гртупата 8 најразвиени земји вчера побараа итна акција за справување со остриот пораст на цената на храната. А пет од светските најголеми нови економии соопштија дека водечките индустриски држави мора да сторат повеќе во борбата против климатските промени. Претседавачот на меѓу-владиниот панел за климатски промени рече дека нема смисла фокусирањето на 2050-тата, ако не се преземат итни чекори. Индустриските земји пред нивниот самит во Јапонија беа критикувани и за програмата за развој на неразвиените. Петте земји - Мексико, Бразил, Кина, Индија и Јужна Африка утре треба да и се придружат на групата 8. Разлики Но, претходно тие објавија заедничко соопштение во кое побараа најразвиените земји да го намалат испуштањето на штетните гасови за 80% до 2050. Земјите од Г-8 пак веќе објавија пониска цел од 50% намалувања за истиот период, велејќи дека тоа може да се оствари само доколу новите економии исто така се посветат на целта. Активистите за заштита на околината велат дека плановите на Г-8 не се доволни. Пред самиотот, групата Г-8 беше многу критикувана и околу помошта што ја дава за земјите во развој. Активистите велеа дека таа не е на пат да го постигне она што го вети на самитот пред три години - да ја зголеми помошта за развој за дополнителни 50 милијарди долари, од кои половина требаше да бидат наменети за Африка. Соопштението на Г-8 вели дека тие се сеуште посветени да го постигнат тоа. Многумина активисти признаваат дека некои земји , како Соединетите Држави и Британија веќе се на пат кон целта, но дека Италија, Канада и Франција далеку заостануваат. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||