|
Буш жали за навредата на Берлускони
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Соединетите Држави му се извинија на еден од своите најверни сојузници, италијанскиот премиер Силвио Берлускони, за омаловажувачката
биографија во материјалите што Белата Куќа ги подготви за новинарите на самиотот на Групата 8 во Јапонија.
Можеби тоа беше само мала шега, но сигурно предизвикала Берлускони да помисли - со такви пријатели, кому му требаат непријатели? Извадено од туѓа страница на интернет, Берлускони се опишува како еден од најконтроверзните фигури во историјата на земјата позната по корупција во владата и други пороци. Понатаму се вели дека многумина го мразат но сите го почоитуваат, ако не за друго - тогаш поради личниот стил и силната воља. Во материјалите се истакнува дека тој првично бил бизнисмен, дека многумина го сметаат за политички дилетант, „смотаница" или аматер - кој својата висока позиција ја има стекнато само со употреба да своето значајно влијание врз националните медиуми. Портпаролот на белата куќа Тони Фрато рече дека во материјалот за новинарите се користи навредлив јазик и кон премиерот Берлускони но и кон италијанскиот народ. Извинувајќи се за она што го нарече „ многу несреќна грешка" тој се обиде да го дистанцира претстедателот Буш од сето ова. Или барем се обиде. ...а пријатели За време на својот втор мандат, Берлускони испрати италијански трупи во Ирак, а му беше и домаќин на претстедателот Џорџ Буш во неговата летна резиденција на Сардинија. Минатиот месец кога Буш престојуваше во Рим, двајцата јавно се пофалија како лични и добри пријатели. Прес-тимот на белата куќа кој ја преснимил биографијата можеше да биде предупреден. На истиот сајт има и опсежна оценка за претстедателот Буш - во која се вели дека тој не сака долги книги, мрази состаноци и често си зема слободно време за да игра видео-игри. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||