|
Хибриден здравствен систем
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
Во земјите од поранешниот Советски сојуз, поголемиот дел од огромниот здравствен систем се’ уште функционира, иако често со
намален персонал и недоволно финансиран.
Таму сега се развива нов, хибриден систем, нешто помеѓу државно и приватно здравство. Во салата за операции, доктор Игор Курилец работи на р'бетот на пациентот. Грбот му е целосно отворен - хирургот користи некој вид чекан и завртка за да го спои р'бетниот столб. Болницата е поврзана со безбедносните служби на Украина. Таа е пример за хибридниот систем што постои во Украина, финансиран делумно приватно и делумно државно. -„Болницата е државна, но не би можеле да ја изведеме, на пример, оваа операција само на тој буџет." Хибрид Основните нешта се платени од државата, а дополнителните трошоци од самите пациенти. Но мнозинството Украинци го користат системот наследен непроменет од Советскиот сојуз, чиј идеал беше бесплатна здравствена нега за сите. Во уролошкото одделение во огромната државна болница „Октомври“ ходниците се чисти. Лекарите не сакаат да кажат како се викаат, стравувајќи од последиците. Тие велат дека болницата е чиста затоа што самите ги плаќаат хигиеничарките. -„Секој од нас плаќа по 100 или 200 долари, не знам колку ќе биде годинава. Со тие пари плаќаме за варосување на одделението, замена на санитариите и слично. Инаку, самите купуваме катетери и слични нешта потребни за оперирање." Но како лекар, со плата од 250 долари месечно, плаќа за сето ова? -„Пациентот ќе дојде и ќе ми рече: 'Докторе, колку ќе чини?' Му оставам на самиот пациент да ми се заблагодари онолку што смета дека вреди мојата работа. Нивото на благодарност се движи од 'ви благодарам, докторе' до шише коњак од четири долари или пак би можело да биде извесна сума пари, неколку пати поголема од мојата месечна плата." Надеж Повторно во хибридната клиника, доктор Курилец вели дека неговиот договор со безбедносната служба функционира на принципот „почешај ме па ќе те почешам“. Тој ги лекува полицајците, а тие му даваат зградата поефтино. -„Бевме поканети бидејќи обезбедивме подобар третман на полицајците." Но девојчето оперирано денеска не е полицаец и за операцијата плати нешто помалку од десет илјади долари. Тоа се можеби многу пари, особено во Украина, но сепак се само мал дел од она што за истата операција треба да се плати во Велика Британија или пак во Соединетите Држави. Доктор Курилец се надева дека хибридниот систем на долг рок би можел да го зголеми нивото на здравствена нега низ целата земја. |
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Здравствената нега во САД30 Јуни, 2008 | magazine
„Медицински туризам“ во Србија01 Јули, 2008 | Вести
Мекиците - вообичаени за Гинекологија03 Јули, 2008 | Вести
Психичкото здравје - табу01 Јули, 2008 | Вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||