|
Мекиците - вообичаени за Гинекологија
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
Македонскиот клинички центар, врвот и гордоста на македонското јавно здравство, се трансформира, и од него се создадоа неколку
посебни клиники.
Клиниката за гинекологија и акушерство е дијагностички, тераписки и едукативен центар, дел од медицинскиот факултет во Скопје. Доктор Златко Палчевски, гинеколог-акушер, за 13-те години работа на клиниката на свет донел над 2 илјади деца. Мемлива зграда, стара 60 години, чии прозорци на долните катови до половина се бојосани со бела мрсна боја, е местото каде преку половина век на свет се носат новите поколенија. Гинекологот, доктор Златко Палчевски во своите 16 години работа породил над 2 илјади деца. Не ретко е канет и да биде кум на некои од нив. -„Тоа почнува со мекиците, традиционално, а и родендените и крштевките се неизбежен дел од работата.“ На Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје има најмногу можност да се напредува во споредба со другите јавни установи низ Македонија но и со приватните клиники, одговара докторот. -„Правото место каде има наставен кадар, кој што те стимулира да напредуваш.“
Клиниката е дел од медицинскиот факултет, односно е дел од терцијарното здравство. Тука се стекнува најголемото искуство и знаење, посебно кога се работи со сите слоеви во општеството, 24 часа... -„Навечер буквално како да сте на железничка постојка, а случаи има секакви.“ За време на разговорот Доктор Палчевски мораше да изврши и една кратка визита. Го следевме разговорот со оперирана пациентка која имала малигно заболување на долниот генитален тракт, а сега е во фаза на комплетно закрепнување и пред одење дома. -„Без разлика дали од некое малигно или друг вид заболување сме оперирале или излечиле жена или пак сме породиле до крајот на 24 часовното дежурство и до 17-18 деца, тие се задоволства кои не се опишуваат, а се секојдневни, но не може без непријатност да поминува оваа работа... кога има некои компликации кои се очекувани, создава незадоволство.“ Речиси сите лекари во приватните клиники потекнуваат од тука, вели доктор Палчевски, кој признава дека условите за работа таму можеби се подобри, но тој сепак за сега не размислува за промена на средината:
-„Тие колеги кои се по приватните, се од овде, на некој начин, излезени. Е сега, условите амбиентот опремата и друго, како материјалниот надомест е многу поразличен од овде. Зависи кој какви желби има сфаќања или потреби.“ Но што тогаш го држи доктор Палчевски на Клиниката? -„Мене, желбата да напредувам во струката, науката и звањата, но и надежта дека навистина ќе се подобрат и условите и статусот на докторите во јавното здравство, па да немам потреба да размислувам за промена на работното место на друга клиника.“ Додека траат превирањата околу реформите на Клиничкиот центар, докторите гинеколози со нетрпение чекаат одделението да се префрли недалеку од тука во новиот изграден објект. Дотогаш, нестрпливите татковци пред старата зграда ќе го чекаат доктор Палчевски со вестите за своите наследници. |
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Здравствената нега во САД30 Јуни, 2008 | magazine
Психичкото здравје - табу01 Јули, 2008 | Вести
„Медицински туризам“ во Србија01 Јули, 2008 | Вести
Хибриден здравствен систем04 Јули, 2008 | Вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||