Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 18. Јуни 2008 - Објавено на 07:15 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Најстариот игроорец во Македонија
 
Играорна група
Играорната група на Димитар остана со шест члена
Димитар Станоевски од село Драмче Делчево, веројатно е најстариот игроорец во Македонија.

Неговиот век е долг колку и неговото омилено оро „Копачката".

„Јас сега има 94 години, но ме водат како да има 92. Со ова оро имам поминато околу 13 држави, Австрија, Чешка, Словачка, Полска.“

Вели оро игра од кога памети за себе

„Јас играм од мал уште, ерген кога бев. Организирав игроорна група и почнавме да одиме на фестивал од 1951 година до ден денес. Копачката е машко оро и најмногу го сакам и е постојно барано.“

И кога ќе удри тапанот и ќе ја засвири „Копачката", нозете на дедо Димитрија сами заигруваат. Замавнува со шамичето им подвикнува на неговите игроорци, за орото да почне!

„Ситно, ситно, малку покрупно се влечкаат нозете, играш играш и најпосле, вака трчаш, така се игра и кога ќе копнеме со ногата прашина можеме да кренеме“, се смее стариот игроорец.

Иако научил многумина да играа оро денес неговата игроорна група брои само шест члена.

„Од мене се научиле да играат многу, ама не сакаат младите денес да играат ора. Сакаат да играат танци. Ова ора ќе изумре за некоја година.“

Желба

Вели оро ќе игра се додека нозете го крепат и се чуди како Господ му дал се уште сила ороводец да биде.

„Седум операции има правено. 1984 година и подарив бубрег на мојата ќерка. Сега сум со еден бубрег и пак играм“.

Откако го изигра своето омилено оро „Копачката", Делчевчанецот, Димитар Станоески најстариот игроорец во Македонија ни ја откри тајната и за неговиот девет децениски живот - вели дека не може без малешевски чист воздух и млеко.

„Сабајле ќе си направам кафе, без млеко не можам, пијам ама има граница на пиењето. Многу сум така мераклија на муабет, друштво што велат“.

А,желбата му останува иста: „Јас сум ороводец од крај и би сакал тоа да бидам до крај.“

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>