BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 09. Мај 2008 - Објавено на 16:21 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Ден на Европа, 9-ти мај
 
Влатко Стефановски
Стефановски не се чувствува Европеец кога чека за виза
И Македонија го обележува денот на Европа со наградата за европски придонес која оваа година ја доби музичарот Влатко Стефановски.

Колку македонскиот гитарист се чувствува како Европеец?

-„Јас се чувствувам и како повеќе од тоа, како граѓанин на светот, не само како Европеец. Јас знам каде се наоѓа Македонија, таа се наоѓа во Европа, меѓутоа не сум сигурен дали Брисел знае точно каде се наоѓа Македонија. Имам чувство дека предолго постои игнорантски став кон Македонија и кон сите проблеми низ кои поминуваме. Се разбира, ние сме тие што креваме рака и сакаме да се приклучиме на европското семејство, ама, ако не друго, заслуживме слободно да патуваме. Упатив апел и до нашите, македонски претставници и европските дипломати, час поскоро да ги симнат европските бариери за да не се чуствуваме дискриминирани и како во затвор, и конечно да не плаќаме толку скапи такси или казни штом ќе стапнеме на европско тло. Не можеме да бидеме Европејци ако чекаме во ред и ако морам да објаснам кој ми бил дедо, баба, што работам и колку пари имам в џеб. Ако морам тоа да им го објаснувам на некои европски бирократи, не се чувствувам како Европеец.“

БиБиСи: Колку ќе биде лесно или тешко македонската култура да го задржи својот идентитет во целата таа мешаница од култури?

-„Македонските културни работници и уметници се снаоѓале во многу потешки ситуации отколку на отворен пат. Ние обично сме оделе пешки, преку реки и долини, преку брда и планини. Не сме имале отворени магистрални патишта кон Европа. Главно сме конзумирале туѓа култура, многу малку сме извезувале. И среќни биле тие уметници кои успевале да ја извезат нивната уметност надвор“, вели Влатко Стефановски во разговор за БиБиСи.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност