Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 30. Април 2008 - Објавено на 08:14 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Заштита на Охридското езеро
 
Охридското езеро бара соодветна заштита
Еколозите бараат колку што е можно побргу да биде доизграден колекторскиот систем за Охридското езеро, инаку под заштита на светската Агенција за култура УНЕСКО, со што ќе се спречи изумирањето на живиот свет во него.

Тие велат и дека состојбата е многу повеќе загрижувачка на албанската страна од езерото каде до сега не е изграден ниту километар од колекторскиот систем.

Осумдесет проценти од водата во Охридското езеро е од прва категорија, дел од неа е од втора, а загрижува податокот што дел од водите од езерото се од четврта и петта категорија токму на оние места кои во текот на туристичката сезона се најмногу посетени од луѓе.

Главни виновници се неколкуте реки кои се влеваат во езерото предупредуваат еколозите.

Од МЈП „Проаква“ ја смируваат топката и велат дека место за паника нема.

Според нив, дури 73% отпадна и фекална вода се пречистува и како таква оди во езерото.

Досега се изградени 37% од колекторскиот систем, останува уште малку да се направи за езерото целосно да биде заштитено, вели за БиБиСи Стојан Дамјановски од „Проаква“:

-„Концептот наш предввидува развој во етапи, среднорочниот развој е 2010 година кога со колекторот треба да отидеме до Радожда и до Десарет а тоа се во должина уште 5,5 км на западната страна а на источната страна во прашање се довршувањето на двете пумпни станици за да може до Десарет тој да функционира.“

За туризам е потребна и чиста вода

Албанија

Ситуацијата е далеку позагрижувачка на албанска страна од езерото каде досега не изграден ниту километар од колекторскиот систем а проблем претставува и рудникот во близината на Подградец кој, според препораките на меѓународната заедница, досега требаше да биде затворен, вели Сашо Точко од Републичкиот завод за здраствена заштита:

-„Реката Черава доаѓа од нивната страна, се влева кај Свети Наум и тоа место е малку проблематично, а исто така и проблемот со колекторскиот систем кој во Албанија според моите информации се’ уште не функционира и претставува опасност за езерото а исто така и рудниците кои беа на брегот за езерото кај Подградец претставуваат опасност за езерото.“

Еколозите и стручњаците предупредуваат дека пречистителната станица во близината на Струга во моментов работи на границата на својата проектирана вредност.

Поради тоа најитно е неопходно преземање на соодветни мерки за изнаоѓање алтернативни решенија за заштита на езерото но и на водата за пиење која ја користат граѓаните на Охрид и Струга.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Каква вода пијат велешани?
22 Април, 2008 | Вести
Проект за кумановска река
25 Април, 2008 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>