BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 13. Март 2008 - Објавено на 08:53 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
„Непомиреност со минатото“
 
Македонија, мапа
Атина и натаму инсистира дека Македонија треба да го смени името, Скопје е подготвено на поинакво име, но само во односите со Грција.

Професорот по историја на универзитетот Лајпциг, Стефан Требст, за БиБиСи вели дека Македонија веќе го направила својот компромис во спорот со Грција со тоа што го сменила знамето и Уставот.

„Овие понатамошни барања од Грција за промена на името се комплетно неосновани. Но има и грчка димензија која е поврзана со сериозни проблеми на идентитетот за Грците и прашањето за тоа кој е Грк е покомплицирано од тоа - кој е Македонец. Траумата од 20 век, Втората светска војна и Граѓанската војна од 1940 -те не се третираше во грчкото општество, а граѓанската војна освен идеолошката компонента имаше и етно - политичка димензија. Словени и Македонци од една страна,а Хеленизмот од друга страна, така што корените на многу стравови поврзани со Македонија не потекнуваат од сегашна Македонија или тогашна Југославија туку од самата Грција. Тоа не е нешто што може да се реши однадвор туку нешто може само грчкото општество да го третира внатре во Грција".

БиБиСи: Како гледате на промената на политиката и на Бугарија кон Македонија, имајќи ги предвид најновите обвинувања од Софија за анти- бугарска пропаганда во македонскиот печат?

„Разочарувачки е што во 90-те бугарскиот претседател водеше коструктивна и прагматична политика кон Македонија, иако со резерва - ја признаваме државата, но не и нацијата. Но за жал, тоа сега се менува. Загрижувачки е што Бугарија стана членка на ЕУ и заедно со Грција, две членки на ЕУ го користат членството за спроведување на национални и регионални политики наместо да мислат на она што би било добро за ЕУ како целина. Тоа здружување на силите на Атина и Софија против Скопје е опасна тенденција и Брисел во својот двоен капацитет како седиште на НАТО и ЕУ не треба да го толерира тоа - индивидуални земји да вршат притисок врз соседни земји кои не се членки".

БиБиСи: Зошто бугарската влада ја признава државата, но не и нацијата?

„Треба да се има предвид дека не е работа на Владата да признава други нации, туку други држави, без разлика дали им се допаѓа идентитетот на граѓаните на таа држава или не. Дури и во Германија имавме случаи на азиланти, бугарски граѓани од македонско етничко потекло кои ги убедија германските судови дека имаат лоши услови за живот во Сандански и Петрич и тие им доделија статус на постојани азиланти што е многу невообичаено. Тоа значи дека степенот на репресија е многу висок. Оваа реторика во Бугарија што вели дека вашата држава постои, но не и вашата нација е многу непрофесионален и многу непријателски акт кон Македонија и покажува дека бугарското, исто како и грчкото општество не успеа да се помири со своето минато", вели професорот по историја на универзитетот Лајпциг, Стефан Требст, во разговор за БиБиСи на македонски.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност