Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 03. Март 2008 - Објавено на 17:34 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Немо добредојде за рускиот водач
 
Путин и Медведев
Медведев ветува следење на политиката на Путин
Западните лидери му честитаа на Дмитриј Медведев за изборот за претседател на Русија.

Американскиот претседател Буш рече дека се однапред се радува на соработката со него, а Европската Унија зборуваше за стратешко партнерство со Русија.

Британскиот премиер Гордон Браун, рече дека Британија ќе ја оценува новата влада во зависност од тоа како таа ќе дејствува.

Шефот на посматрачката мисија на западните земји Андреас Грос, за БиБиСи рече дека гласањето, иако со пропусти, ја покажува волјата на руските гласачи.

Инаку Медвед е избран за наследник на Владимир Путин со околу 70% од гласовите.

Кусо откако се појави заедно со Путин на славеничкиот концерт на отворено во Москва, Медведев изјави дека неговата политика ќе биде директно продолжение на она што го правеше неговиот претходник.

Тој рече дека ќе формира нова влада во соработка со Путин, кој ќе биде премиер.

Главната независна руска набљудувачка група ги доведе во прашање официјалните бројки за одзивот на изборите, додавајќи дека во некои региони бил невозможно висок.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>