Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 13. Февруари 2008 - Објавено на 17:57 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Советот на Европа ги испитува малцинските права во Бугарија
 
Комесарот Томас Хамарберг
Хамарберг вели дека секоја членка мора да ги почитува човековите права
Комесарот за човекови права на Советот на Европа Томас Хамарберг денеска и утре престојува во Бугарија.

Тој треба да се сретне со некои од владините министри и со претставници на невладини организации околу човековите права во земјата.

БиБиСи на македонски го запраша која е конкретната цел на неговата посета?

Хамарберг: „Ние ја нарекуваме „контактна мисија“ - јас како комесар прв пат одам во посета на Софија и Бугарија и тоа за мене е можност да ги дефинирам проблемите со човековите права во земјата за да имаме многу поконструктивен дијалог со властите. Затоа ќе се видам со некои од министрите и со невладините организации и се надевам дека ќе има време и да посетам некои институции. Ќе се фокусирам на третманот на децата во инстуитуциите, функционирањето на системот на правдата- дали е фер и некорумпиран, ситуацијата во затворите и се разбира исто така правата на малцинствата особено турското и ромското малцинство.“

БиБиСи: Рековте дека има „проблеми со правата на малцинстцата. Што е со правата на македонското малцинство таму. Господоинот Фратини кон крајот на минатата година рече дека Бугарија не ги почитува одлуките на европскиот суд...

Хамарберг: „Да, јас мислам дека е од особена важност Бугарија да ги почитува одлуките на судот. А во земјата има дискусија околу една политичка партија ’ОМО Илинден Пирин’. Судот одлучи дека тие имаат право да бидат регистрирани, но и покрај обидите таа група да обезбеди признание, тоа се’ уште не е разрешено. Тоа е нешто што јас ќе го покренам пред властите.“

БиБиСи: Бугарија е во Европската унија, но не ги почитува одлуките на Европскиот суд. Постојат ли механизми тоа да се регулира?

Хамарберг: „Да. Европскиот суд за човекови права е всушност дел од Советот на Европа чијшто член е и Бугарија неколку години. Апсолутно е важно секоја влада да ја имплементира секоја одлука на судот, а тоа во овој случај не се случи. Тоа само покажува дека имаме да изнесеме сериозна загриженост на тој план со властите во Бугарија.“

БиБиСи: Да но кои се механизмите да се избегне тоа во иднина?

Хамарберг: „По одлуката на судот која треба да биде задолжителна за земјата, бидејќи таа нема друг избор освен да ги почитува и да ги примени одлуките, значи, по тоа решение, проблемот оди до Комитетот на министри и тие разгледуваат дали владата ги имплементирала решенијата на судот. Овој случај е посочен претходно и ќе биде посочуван повторно и ќе има анализа од Комитетот на министри дали бугарската влада ги одржала очекувањата“.

БиБиСи: Според организацијата „ОМО Илинден“ постои уште едно несогласување во Бугарија - имено не се знае ниту бројката на македонското малцинство таму. Има ли Советот на Европа можност за мониторинг на попис во една земја?

Хамарберг: „Одлука да се испраќаат набљудувачи на пописите во моментов нема. Но постојат определени правила кои се востановени од Советот на Европа за почитување на она што ние го нарекуваме самоопределување. Ако една личност рече дека припаѓа на некое малцинство или на некоја група луѓе тоа е строг индикатор дека овој човек треба да биде гледан како дел од тоа малцинство. Не зависи од властите дали некој припаѓа на некоја група или не. Проблемот е поделикатен од тоа, ако владата добие тврдење дека некој му припаѓа на некое малцинство тоа потпаѓа под правото тој да биде заштитен од европските стандарди за човековите права а има бројни права кои доаѓаат со признавањето на малцинството.“

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>