Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 02. Јануари 2008 - Објавено на 08:42 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Среда, 2 јануари
 
Релативно мирно славење во Македонија
Релативно мирна новогодишна ноќ, пренесуваат весниците
Во првите овогодишни броеви се’ уште се сумираат случувањата во новогодишната ноќ.

Весниците пишуваат дека двајца скопјани лесно се повредени од заскитани куршуми, 60-тина претежно малолетници завршиле во болница од претерување со алкохол, а за разлика од минатата година намален е бројот на повредени од петарди.

Се’ на се’ и докторите и полицијата констатираа дека вечерта поминала релативно мирно, пренесуваат македонските печатени медиуми.

Сепак весниците ја анализираат и актуелната состојба во државата со која почнува годината.

Спогодба со ОКТА

УТРИНСКИ ВЕСНИК објавува дека Владата на сметката на ОКТА завчера уплатила 40 милиони американски долари, или 27 милиони евра, откако спроти дочекот на Новата година државата и грчките газди на ОКТА се договориле да го порамнат долгот по пресудата на Парискиот суд.

„Државата требаше да плати 94 милиони долари, но ОКТА се откажа од каматата и побарувањата", ја пренесува УТРИНСКИ изјавата на владиниот портпарол Ивица Боцевски.

Зависни од увоз на храна

ДНЕВНИК пак во делот посветен на економијата објавува анализа која вели дека Македонија станува зависна од увоз на прехранбени производи и дека за увоз на храна во последните девет месеци биле потрошени 300 милиони евра.

Весникот ВЕЧЕР пак пишува дека од вчера Данокот на добивка и персоналниот данок паднале на 10%, согласно рамниот данок кој во Македонија се воведе лани.

И покрај намалувањето на даноците, и скептицизмот на опозицијата и одделни експерти дека тоа негативно ќе влијае врз приходите во буџетот, остварените бројки во 2007 година говорат дека во Македнија е постигната рекордна наплата на даночните приходи по сите основи, додава ВЕЧЕР.

Хороскоп

И на крај од - денешните весници издвојуваме дел од годишните хороскопи на претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски кои ги објави ДНЕВНИК.

За претседателот, 2008 ќе биде поволна за надворешната политика, додека премиерот ќе има успех во финансиското работење, велат астролозите, и додаваат дека годината ќе покаже дали биле во право или не.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>