Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 05. Декември 2007 - Објавено на 08:11 GMT
 
Испрати имејл на пријател Верзија за печатење
„Скриена Македонија“ од Делисо
 
Охрид
Обиколка околу Охридското и Преспанското езеро
Синоќа во Лондон во книжарницата Д Тревл Букшоп, или во буквален превод Книжарница за патувања, се одржа промоција на книгата „Скриена Македонија“ на Кристофер Делисо, американски патеписец и новинар кој живее во република Македонија.

Тој во книгата , како што вели, ги бележи своите импресии од едно летно патување околу Охридското и Преспанското езеро, низ Македонија, Грција и Албанија.

Одејќи под површината на секојдневниот живот, и откривајќи ги длабоките историски рани на овој регион, како што вели Делисо, книгата покажува едно од највозбудливите и најубави подрачја на Европа, кое се уште му е непознато на Западот.

По промоцијата, во разговор за БибиСи, Делисо нагласи дека фактот што на мапата содржана во книгата и на внатрешниот дел од кориците, Република Македонија е напишана како ПЈРМ - е пропуст на издавачот и се надева дека ќе биде поправен во идните изданија.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател Верзија за печатење
 
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>