Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 22. Ноември 2007 - Објавено на 08:28 GMT
 
Испрати имејл на пријател Верзија за печатење
Критики за Ахмадинеџад
 
Махмуд Ахмадинеџад
Криткуван за односот кон политичките соперници
Управното тело на Меѓународната агенција за атомска енергија се состанива денес на расправа за иранската нуклеарна програма која се шири.

Ќе биде разгледан последниот извештај за Иран кој заклучува дека таму се уште се збогатува ураниум, наспроти упатсвтата од Советот за безбедност на Обединетите Нации.

Вашингтон и европските сојузници го обвинуваат техеран за несоработка и бараат поостри санкции.

Остри критики

Во меѓувреме, во редок и остар напад врз иранскиот претстедател Махмуд Ахмадинеџад, еден тврдолинијашки весник во Техеран го обвинува за неморално однесување кон неговите политички соперници.

Весникот „Исламска република" се смета за угледно издание со исламски погледи на кои им се верува.

Тешко е да се замисли дека една ваква публикација би го нападнала претстедателот Ахмадинеџад без поддршка од ајатолахот Хамнеи.

Но во вчерашната остра уредничка колумна, весникот вели дека начинот на кој претседателот ги третира оние што го критикуваат е неморален, нелогичен и незаконски. Ова се однесува на неодамнешниот говор на Ахмадинеџад во кој ги опиша луѓето кои се противат на неговата атомска програма како: предавници и шпиони за странски земји.

Весникот додава дека тој ги дискредитира политичките противници, во пресрет на скорешните парламентарни избори, и го повикува иранското судство да ги казни луѓето кои неосновано обвинуваат и предивикуваат нервоза во јавноста.

Ваков директен напад против Ахмадинеџад е навистина редок во официјалните гласила во Иран, и покажува дека претстедател не само што ја губи поддршката кај обичните луѓе поради економските тешкотии, туку го лути и естаблишментот, затоа тоа што се служи со нуклеарното прашање за засилување на сопствената позиција.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>