Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 16. Октомври 2007 - Објавено на 10:35 GMT
 
Испрати имејл на пријател Верзија за печатење
Загина Тоше Проески
 
Плоштадот во Скопје
На плоштадот се собраа многумина...
Насекаде се отворени се книги на жалост во кои се потпишуваат илјадници граѓани.

Вчера, владата на итна седница го прогласи за почесен граѓанин на Република Македонија која денешниот ден го прогласи за ден на национална жалост.

Вчера, меѓу илјадниците на централниот плоштад Македонија во Скопје на најголемата македонска пејачка ѕвезда почит и' оддаваа и многумина од македонскиот музички и политички живот.

Најбројни сепак беа младите кои ги напуштија училиштата и први се собраа на плоштадот.

„Тоше ти благодарам за сите радости што ни’ ги даде“, запиша во Книгата на жалост македонскиот претседател Бранко Црвенковски и додаде „Му се радувавме на секоја песна, на секој настап, на секое негово појавување - го сакавме сите како што тој не сакаше сите“.

Во Македонското Собрание беа откажани сите активности.

Пратениците со едноминутен молк му оддадоа почит на Проески.

Амбасадор на децата

Во текот на целиот вчерашен ден стигнуваа сочувства до семејството Проески но и до македонскиот народ.

Во писмото со сочувство од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје се вели: „Тоше беше неуморен национален амбасадор за децата - со години неуморно се залагаше за нив, особено во подигањето на свеста за правата на децата со пречки во развојот и промовирањето здрави животни навики меѓу младите“, стои во соопштението од претставништвото на UNICEF.

Тоше Проески
Тоше Проески

Веста за смртта на Тоше Проески ја пренесоа светските новински агенции, каде пишува дека загубата на Проевски не е трагична и жална само за Македонија, туку и за регионот и светот.

Сообраќајна несреќа

Полицијата во Хрватска објави дека Тоше Проески загина вчера утро во сообраќајна несреќа во Хрватска.

Проески имаше 26 години.

Полицијата соопшти дека возилото на 26 годишниот пејач удрило во камион на автопатот крај источниот хрватски град Нова Градишка, а потоа и во заштитната ограда.

Проески, кој бил совозач, загинал на самото место на несреќата, додека 49- годишната Љиљана Петровиќ, негова менаџерка и 32-годишниот возач се сместени во болницата во Нова Градишка.

Проески се појави на поп сцената во Македонија во 1997-та година на фестивалот „Макфест" со песната „Пушти ме".

Тој настапи и на натпреварот за „Песна на Евровизијата".

Проески имаше голем број хитови, со кои оствари статус на голема поп-ѕвезда во Македонија, а подоцна стана славен и во земјите на поранешна Југославија, особено во Хрватска.

Неговиот хит „Срцето не е камен" во 2006-та беше најизведувана песна во Хрватска.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Вечер за Тоше Проески
29 Октомври, 2007 | Вести
Истрагата привршува
18 Октомври, 2007 | Вести
Погребан Тоше Проески
17 Октомври, 2007 | Вести
БиБиСи за Проески
17 Октомври, 2007 | Вести
In memoriam
16 Октомври, 2007 | Вести
На БиБиСи за Тоше
16 Октомври, 2007 | Вести
Музичкиот еснаф за Тоше
16 Октомври, 2007 | Вести
Позитивен пример
17 Октомври, 2007 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател Верзија за печатење
 
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>