Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 27. Септември 2007 - Објавено на 16:23 GMT
 
Испрати имејл на пријател Верзија за печатење
Новинарите ја бојкотираа владата
 
Логото на македонската влада
Логото на македонската влада
Новинарските екипи во Македонија ја бојкотираа прес-конференцијата на премиерот Никола Груевски и неговиот Кабинет во знак на револт поради вчерашниот инцидент во кој полициски сили го претепаа снимателот на телевизија „Алсат“ на автопатот Скопје-Тетово.

Снимателите, новинарите и фото-репортерите ја напуштија дебатната сала во Владата во Скопје токму во моментот кога владиниот тим ја почна закажанта прес-конференција, гест со кој го искажаа својот протест поради вчерашниот физички напад на полицијата врз снимателот на „Алсат“, Игор Љубовчевски како и физичкиот напад во Собранието против новинарот Лирим Дулови од телевизија А1.

Главниот уредник на А1 телевизија Младен Чадиковски го нарече гестот на новинарите „најбенигна форма на изразување револт“:

-„Овој гест беше нужен, но тоа е само симболична најава за тоа што може да се случува ако продолжи тортурата врз новинарските екипи. Сепак, се покажа дека во обидот да се замолкне новинарството денеска замолкна Владата.“

Четворица од полицајците кои учествуваа во инцидентот кај Желино се суспендирани, а против членот на претседателството на ДУИ кој го удри новинанорот Лирим Дулови е поднесена прекршочна пријава.

Полицијата рече дека случаите се целосно расчистени и изрази жалење за инцидентите, но Чадиковски вели дека тоа е премалку:

-„Изразувањето жалење од страна на премиерот се’ уште не е доволно се додека виновниците за оваа ситуација не бидат пронајдени и изведени пред суд и тоа на начин на кој што се апсат другите луѓе, преку дистрибуирање снимки и останати материјали.“

Владата рече дека го разбира гестот на новинарите, но седмата сила денеска ги бојкотираат сите владини активности.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>