Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 10. Август 2007 - Објавено на 16:18 GMT
 
Испрати имејл на пријател Верзија за печатење
Љубчо Георгиевски - амбасадор?
 
Љубчо Георгиевски
Поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски порача дека од први септември ќе биде назначен за бугарски амбасадор во Македонија.

Во соопштението што денеска го испрати до гласилата, Георгиевски вели и дека неговиот ангажман во кампањата за локалните избори во Бугарија е во склад со европската политичка пракса.

Љубчо Георгиевски е тема во домашните гласила со веста дека политички ќе се ангажира во кампањата за локалните избори во Бугарија како член на иницијативниот одбор на еден од тамошните кандидати за градоначалник.

Но во соопштението до јавноста тој вели дека не му е јасно „зошто македонските медиуми креваат прашина за нешто што е вообичаено во Македонија и во европските демократии“.

Понатаму Георгиевски додава: „Ако за ова се напишаа толку многу коментари, што ли може да очекувам да напишат на први септември кога ќе чујат дека сум назначен за амбасадор на Република Бугарија во Македонија“.

Георгиевски веќе ја шокираше јавноста кога стекна бугарско државјанство и стана жител на бугарскиот град Благоевград.

Сега тој не ги демантира пишувањата дека се активира во бугарската политика туку вели дека дејствувањето на странски политичари во кампањи надвор од својата држава е пракса во европските земји.

Георгиевски пред пет години беше премиер на Владата во Скопје, а моментно е пратеник во собранието.

Сепак, наводите дека наскоро ќе стане бугарски амбасадор во Македонија, Георгиевски ги кажува како провокација за медиумите, а не како сериозна намера да биде странски претставник во земјата во која четири години беше премиер.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>