|
Извештајот на „Transparency“... | |||||||||||||||||||||||||||||||
„Транспаренси интернешенел“ денеска го објави годишниот извештај кој е посветен на корупцијата во судството. Извештајот вели дека корупцијата во оваа сфера може да го спречи пристапот на луѓето до правдата, но и да го намали економскиот раст. БиБиСи разговараше со Игет Лабел, која е претседавач на бордот на „Транспаренси“ и најпрвин ја прашавме зошто годинава Македонија не се споменува? -„Во годинашниов извештај Македонија не беше една од земјите што беше избрана. За секој глобален извештај ние идентификуваме одреден број земји и се обидуваме да не се навраќаме кон истите земји повторно, како и да имаме одреден број земји од одреден регион. Годинава не беше ред на Македонија, но можеби ќе биде идната година." БиБиСи: Во Македонија во моментов нема национална канцеларија на „Транспаренси интернешенел“, поради несогласувањата од минатата година, дали може да се очекува тоа наскоро да се случи? -„Се надеваме дека повторно во Македонија ќе имаме силна канцеларија, зашто сметаме дека е важно да имаме канцеларии во што повеќе земји. Во истовреме, сакаме тие да бидат силни и многу почитувани од луѓето во земјата." БиБиСи: Да се вратиме на извештајот, колку корупцијата во судството е раширена на Балканот и во средно-европските земји?
-„Ја има во овие земји, не е иста насекаде. Има големи разлики, но она што го знаеме е дека кога луѓето не му веруваат на судството, тогаш тоа носи нестабилност во општеството. Тоа ја прави правдата недостапна за многу луѓе, ако на пример треба да платат поткуп на судот. А некаде луѓето ја земаат правдата во свои раце. БиБиСи: Дали е митото поприсутно во овие земји или пак политичката вмешаност во судството? -„И двете можат да доминираат во средна и источна Европа и затоа ние вршиме притисок судиите да бидат назначувани на непартиски начин, за тие да не се чувтсвуваат одговорни кон владите или претседателот поради нивното назначување. Но, и лицата мораат да имаат висок интегритет. БиБиСи: Извештајот вели и дека независниот судски систем е многу важен за економскиот раст. Дали можете да го објасните ова? -„Ако имате систем кој луѓето не го гледаат како независен, каде претседателот и министерот за правда можат да им влијаат на судиите, или каде судиите се корумпирани , тогаш тоа што го видовме во истражувањата е дека инвеститорите нема да одат да вложуваат во таква земја. Зошто би се ставиле во ситуација да не им се почитува договорот или да бидат жртви со тоа што ќе отидат во суд, а потоа и кога судијата ќе пресуди во полза на другата страна, која можеби платила мито. Всушност нашите истражувања покажаа дека има директна корелација меѓу владеењето на правото и судскиот систем кој покажува високи резултрати и степенот на пораст на таа земја“-вели Игет Лабел од управниот одбор на „Транспаренси“ во разговорот за БиБиСи. | ||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||