|
Ел Каеда „се обновува“ во Пакистан | |||||||||||||||||||||||||||||||
Шефот на американските шпионски операции вели дека водачите на ел Каеда нашле сигурно скривалиште во Пакистан, од каде повторно се засилуваат низ Блискиот исток, северна Африка и Европа. Директорот на националното разузнавање Џон Негропонте, рече дека ел Каеда изградила посилни оперативни способности и односи кои се шират вон Пакистан. Сведочејќи пред сенатски комитет во Вашингтон, Негропонте додаде дека ел Каеда се уште е милитантна организација која претставува најголема закана по американските интереси. Шефот на американската одбранбена разузнавачка агенција, генералот Мајкл Мејплс, рече дека пакистанската граница со Авганистан останува рај за ел Каеда и другите милитанти. 5 години Петатта годишнина од пристигнувањето на првиот осомничен за тероризам во американскиот притворенички центар Гвантанамо беј на Куба, е одбележана со протести пред портите на кампот и со повик од новиот шеф на Обединетите Нации за негово затворање. Група меѓународни демонстранти, меѓу кои и поранешен британски притвореник, маршираа кон кампот од главниот град на Куба, Хавана. Во Њујорк, новиот генерален секретар Бан Ки Мун, рече дека, како и неговиот претходник Кофи Анан, и тој верува дека центарот треба да биде затворен. Во Гвантанамо беј, без судење се уште се држени речиси 400 осмомничени. Американска портпаролка вели дека тие се притворени законски и хумано. Во која насока? Британскиот премиер Тони Блер побара национална дебата за идната улога на Британија во светот и за тоа какви вооружени сили ќе и требаат.
Во обраќањето доцна денеска, се очекува Блер да каже дека Британија се соочува со избор помеѓу тоа да се остане голема сила или да стане како другите европски земји - без желба да се вклучи во воени акции во странство. Известувачот на БиБиСи за одбрана вели дека самиот Блер е посветен интервенционист - водач кој испрати британски трупи во Косово, Сиера Леоне, Авганистан и Ирак. | ||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||