|
Можна нова тужба за Борат | |||||||||||||||||||||||||||||||
Македонските музичари Есма Реџепова -Теодосиевска и Наат Велиов од „Кочани оркестар" во македонскиот печат најавија дека ќе го тужат комичарот Саша Барон Коен зашто без одобрение ги користел нивните песни за музиката во филмскиот хит „Борат". Но, авторите на филмот „Борат" веќе денеска треба да се појават на суд во Лос Анѓелес. Нив ги тужат две момчиња кои тврдат дека им бил даден алкохол и дека биле изиграни за да дадат расистички коментари. Големиот хит во биилетарниците, филмот Борат сега е предмет на не помалку, туку 5 судски процеси во Соединетите Држави, покренати од луѓе кои се појавуваат во него. Први на суд ќе дојдат две момчиња кои тврдат дека биле измамени да се појават на филмот. Во тужбата тие тврдат дека продуцентите им дале алкохол, дека биле поттикнати да дадат расистички коментари и оти биле измамени да потпишат согласност со ветување дека филмот нема да биде прикажан во Соединетите Држави. Тие бараат отшетата и отфрлање на сцените од филмот во кои тие се појавуваат. Тинејџерите добиле 200 долари за нивното појавување, додека филмот веќе заработи над 100 милиони долари. Романска тужба Тужат и селаните од градот Глод во Романија. Тамошните жители Роми биле искористени да ги имитираат членовите на малата селска заедница во Казахстан. Тие велат дека мислеле оти учествуваат во документарен филм. Не се очекува дека ѕвездата на филмот, британскиот комичар, Саша Барон Коен, ќе се појави пред судот. | ||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||