|
Младите во Македонија против „визниот ѕид“ | |||||||||||||||||||||||||||||||
Неколку младински здруженија во Скопје одржаа мирен протест со кој го изразија својот револт од строгиот визен режим на земјите од Европската унија. На денот кога падна Берлинскиот ѕид тие побараа либерализација на процедурата за виза и смалување на цените на Шенген-визите. Падот на Берлинскиот ѕид светската јавност го опиша како нова точка во современата европска историја која значеше укинување на границите и слободно движење на луѓето. Но 17 години потоа, младите во Македонија се соочуваат со долги и строги процедури за добивање виза за земјите од Европската унија, а оние што имале искуство со меѓународните амбасади и аеродроми велат дека биле сведоци на дискриминаторски однос: -„Работев две години во Брисел, не можев да добија дозвола за престој и морав да работам со туристичка виза, морав да чекам на 20 степени под нулата за да добијам виза, да поднесуам понижувања по аердромите, а додека поминат сите процедури е многу дискриминирачки“, вели еден студент.
Денес, на денот кога беше урнат Берлинскиот ѕид, македонските младински здруженија побараа од претставниците на Европската унија во Скопје олеснување на визниот режим. Меѓу нив и најмладиот пратеник во Собранието, Александар Николовски: „Често патувам и го имам тој проблем. Се случува да не можам да отпатувам на конференција заради визите.“ Голем дел од луѓето го поддржуваат влезот на Македонија во Унијата, пред се поради фактот што кога се мисли на Европа се мисли на полесено добивање виза. Сепак, евро-претставникот Ерван Фуере кој го поддржа протестот на младите, не можеше да каже за колку време македонските граѓани ќе можат без проблеми да патуваат во Европа. | ||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||