|
„Македонското новинарство оди надолу“ | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мирче Адамчевски е претседател на Советот на радиодифузија во Македонија, кој на функцијата дојде со долгогодишно новинарско искуство. За време на неговиот престој во Лондон, го прашавме каква е состојбата со македонското новинарство? „Воопшто ако зборуваме, јас сум разочаран од ситуацијата од медиумите. Зборувам и за печатените и за електронските медиуми. Сметам дека во македонскиот медиумски простор работите одат надолу, а новинарството е се полошо и полошо и не знам дали веќе е достигнато дното или работите ќе се променат.“ БиБиСи: Долго време се забележуваше дека недостасува законска основа за да можат да функционираат медиумите. Се чини сега се променети работите, но се уште нема суштествени промени. На што се должи ова? „Донесен е само еден закон, законот за радиодифузија, додека закон за печат нема. Во печатот, работите и натаму си одат по старо и затоа реков дека работите во новинарството одат надолу. А со новиот закон повеќе се регулираат работите во електронските медиуми, но новинарството е многу површно опфатено, така што е многу тешко дека со новиот закон ќе се променат работите. БиБиСи: Најстарата електронска куќа МРТВ со години се соочува со тешка финансиска криза. Резултат на тоа беше и штрајкот. Има ли иднина и шанси одвој сервис да прерасне во вистински јавен сервис?
„Иднина има за секој сервис, но најпрвин политиката треба да се откаже од своите амбиции јавниот сервис да биде нејзина продолжена рака и второ, да се средат работите со наплата на радио дифузната такса. И се разбира со избор на вистински кадар што ќе може да ја води куќата. Тогаш, иднината на македонскиот јавен сервис се гледа.“ БиБиСи: Кој е следниот проект на Советот за радиодифузија? „Најважна е изработката на стратегијата, но во меѓувреме, работиме и на преминот од концесии на лиценци, односно издавање дозволи. Тоа е многу важна работа, на неа не упатува и последното упатсво од ОБСЕ. Во последната оценка тие рекоа дека Советот мора што побрзо да ја заврши таа работа. Моментално ги подгатвуваме подзаконските акти и очекувам до крајот на есента да почне да се применуваат дозволите кај радиодифузерите, а стратегијата е работа што ќер трае подолго и очекувам да биде завршена во мај следната година.“ | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||