BBCMacedonian.com

24. Август 2006 - Објавено на 15:58 GMT

Кривата кула во Прилеп

Немаат само Италијанците крива кула. Верувале или не, неа ја имаат и Македонците.

Саат кулата во Прилеп повеќе од една деценија наликува токму на кривата кула во Пиза. Ги загрижува ли прилепчани нејзиното навалување?

Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето. За животот и времето што минува саатот жали и вика ...„Ах..." вака, со арапски букви, пишува на прилепската Саат кула.

Но, денес таа жали не само за времето што одминува туку и за нејзиниот изглед.

Старта, вековна, Саат кула, висока 38,76 метри, поставена во центарот на градот, во прилепска чаршија, повеќе од една деценија е навалена.

Подземните води и различниот квалитет на темелните подлоги се причината за нејзиното навалување.

„Според послдните мерења навелувањето е за 1,17 метри кон западната страна, но за понатмошни активност немаме пари. Министерството за култура финанираше само една четвртина од средствата и заради тоа ние не можеме да го изработиме проктот за конструктивна косолидација на градскиот саат"-објаснува советникот конзерватор, Васка Печијареска, од Завод и музиј Прилеп.

Неговто навалување е забелжливо со голо око, велат прилепчаниЧ

„Се гледа дека е накривен саатот"
„Е навален се гледа, да!"
„Се гледа: е малку навален."

Некои веруваат дека навалувањето е од дамнина:

„Од земјотрес е тоа така“.
„Од бивша Југосавија е таков".
„Од секогаш тој таков си бил. Нема да го рушат, па да градат нов".

А други го анализираат:

„Доста е навален“.
„И се си велам дека е фазла навалн отколку што беше!"

Но, поголемиот број прилепчани цврсто веруваат во неговата издржливост:

„Да падне? Како да падне?! Само од земјотрес може да падне!“
„Тој ако паѓал досега ќе паѓал! Нема да падне!“
„Во догледно време сигурно, не!
„Никогаш. Еве дванаесета година е таа работа со него, преживеал..."
„Нема да падне! Стабилен е, со години стоел, сега да падне?! Не доаѓа предвид!"

А, други, горди на својот градски саат прават и вакви споредби:

„Колку во Пиза што ќе падне кулата, толку ќе падне и саатот наш!"
„Времето можеби го јаде, па се поднавалил, како кулата во Пиза што е во Италија, не верувам да падне."

Но, сите не се толку храбри:

„Гледајќи колку е наведнат, наликува на кривата кула во Пиза, се плашам дека може да се сруши врз главата на прилепчани"
„Многу веројатно. Мене ми е страв!"

Бидјеќи, порцесот на навалување е бавен стручњаците тврдат дека заега не постои опасност од рушење на прилпската Саат кула и дека таа уште долго ќе го мери и ќе го очукува времето.