Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 01. Август 2006 - Објавено на 16:04 GMT
 
Испрати имејл на пријател Верзија за печатење
Вратете се, Пољаци
 
Имигрантски службеник
Британија моментно целосно го претресува имиграцискиот систем
Локалните власти во Полска обелоденија планови за посилна кампања со која треба да ги вратат полските имигранти од Британија.

Службени лица од градот Вроцлав велат дека планираат во следните месеци да отпатуваат во Лондон каде ќе ги посетат баровите и пабовите на полската заедница и да ги убедуваат нивните земјаци дека и дома може да направат добра кариера.

Кампањата започна минатата есен преку полските гласила во земјата и во странство со која Вроцлав се промовира како град на можности.

Пољаците во Британија може да заработат меѓу 4 и 10 пати повеќе одошто дома, дури и со ниско-платените работни места.

Службените бројки покажуваат дека 230 илјади Пољаци се регистрирани за работа во Британија откако нивната земја стана членка на Европската унија во 2004.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>