Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 21. Јуни 2006 - Објавено на 15:51 GMT
 
Испрати имејл на пријател Верзија за печатење
„МВР не се меша во изборите“
 
Љубомир Михајловски
Министерот за внатрешни работи на Македонија, Љубомир Михајловски, денес ги негираше обвинувањата на некои од политичките партии на македонските Албанци дека полицијата е вмешана во изборната кампања.

Тој рече дека нема намера да се впушта во полемика со политичарите околу улогата на полицијата:

„Улогата на МВР не е да едуцира политичари. МВР врши превентивна и репресивна улога. Немам намера да разговарам со политичари затоа што тогаш се вовлекуваме во политика. “

Инаку по вчерашната средба на Али Ахмети и Арбен Џафери со амбасадорите на Соединетите држави и Европската Унија синоќешната вечер беше прва што измина без инциденти откако почна изборната кампања.

 
 
Избори 2006Избори 2006
Се за општите избори во Македонија
 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>