Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 19. Јуни 2006 - Објавено на 14:57 GMT
 
Испрати имејл на пријател Верзија за печатење
„Градиме иднина во Македонија“
 
Рафиз Алити
„Секој со секого може да коалицира“

БиБиСи: Демократската партија на Албанците ве обвини дека во 2001-та започнавте војна во Македонија со цел да се инсталирате на власт ?

Алити: „Прво не е точно дека 2001-та година војната во Македонија почна за некој да дојде на власт, бидејќи никој од нас кои бевме директни учесници во тој конфликт не сме знаеле дали ќе бидеме меѓу живите, а камо ли да мислиме на некоја политичка кариера. Точно е дека дојдовме на власт, но тоа се случи со гласовите на албанскиот електорат. "

БиБиСи: Дали со целосно реализирање на Охридскиот рамковен договор е затворено албанското прашање во Македонија ?

Алити: „Секако дека веќе не се тие времиња кога меѓуетничките односи беа многу затегнати. Со промените на Уставот, Албанецот веќе ја чувствува Македонија како своја земја и гради своја иднина во Република Македонија. Со самиот тој факт кај Албанците веќе не проаѓа таа теза да бидат дел од Албанија, Косово итн..."

БиБиСи: Дали доколку победите на изборите кај Албанците, а ДПА како втора партија кај оваа етничка заедница влезе во Владата, ќе го признаете легитимитетот на таа влада , или пак, како евентуални победници меѓу Албанците, ќе инсистирате по секоја цена да бидете дел од Владата ?

Алити: „Во сите земји каде што живеат етнички заедници, како што се Албанците во Македонија, треба да се почитува тој принцип кој ќе земе еден глас повеќе да ги претставува интересите на својот народ. Мислим дека не е интерес ниту на таа владина коалиција за свој коалициски партнер да земе партија со помалку гласови и пратеници, зашто така се губи легитимитетот од избирачите. Не би било добро ни кај партиите од албанскиот блок да не го почитуваат гласот на народот кај Македонците. Таа партија која ќе освои едно пратеничко место повеќе, нормално ќе добие мандат да формира влада и ние тоа треба да го почитуваме. А изминативе 15 години покажаа дека секој со секого може да коалицира. "

„Даваме инструкции за фер избори“
„Даваме инструкции за фер избори“ велат од ДУИ

БиБиСи: Што правите како владеачка партија, за меѓу албанското гласачко тело да не дојде до инциденти, особено во западните краеви на Македонија каде што најчесто се случуваат изборни нерегуларности ?

Алити: „Не е грешката кај граѓанинот кој излегува и гласа. Напротив луѓето во Македонија, се покажа, без оглед дали Албанци или Македонци, ја сакаат демократијата. Проблемот е кај политичките елити кои треба да ги воспитуваат своите структури навистина демократски да се однесуваат на денот на изборите. Инструкции даваме кај нашите активисити да се однесуваат демокарстки за да му дозволиме на македонскиот граѓанин да гласа за оној за кој се определил. А не тоа што ни се случуваше во поранешните изборни циклуси кога 60-мина или 100 души определуваат кој ќе победи а кој ќе загуби. Мислам дека тоа не не води кон Европа, напротив, тоа веќе ни во Африка не се случува. “

 
 
Избори 2006Избори 2006
Се за општите избори во Македонија
 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
„ЕУ не сака просјаци“
21 Јуни, 2006 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>