BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 20. Март 2006 - Објавено на 16:09 GMT
 
Испрати имејл на пријател Верзија за печатење
Заштита за Марковите кули
 
Поглед на „Марковите кули“
Се очекува локалитетот „Маркови кули“ во Прилеп, заедно со Смоларскиот водопад во општина Ново село, во југоисточниот дел од Македонија, наскоро да бидат законски заштитени од државата, како природни реткости.

Необичниот карпест рид „Маркови Кули" пред две години беше ставен на привремената листа на УНЕСКО за заштитени реткости, а со увојувањето на домашниот закон тој може да биде именуван и на постојаната листа на УНЕСКО на светски природни реткости под заштита на Обединетите нации.

„Марковите кули“ се наоѓаат северозападно од Прилеп.

Месноста е рид, висок 950 метри, опкружен со монументални гранитни карпи.

Камените скулптурални форми, во вид на слон, жаба, желка, кои се дар на природата, се стари преку 800 години „и преставуваат вистинска природна реткост" оценува Васил Анастасовски, раководител на одделението за заштита на посебните природни богатства:

-„Тоа е битното што сакаме да го истакнеме за Маркови кули.

Едно е староста на стените и друго, ретко се среќаваат чудни, многубројни, разновидни, геоморфолошки облици на таков релативно голем простор, од 38 квадратни километри.

Составот на стени како што се овие гранодиорит, во поширокиот регион, па и во светот е вистинска реткост.“

Со законот, локалитетот „Маркови кули" ќе биде заштитен од државата како споменик на природата, но неопходна е потребата да биде заштитен и како културно подрачје смета арехлогот, Бранислав Ристески од Институтот за старословенска култура, под чии ингеренции ќе биде овој локалитет.

-„Културните вредности мора да се третираат во контекст на односот со природните перформанси и капацитети на овој простор.

Едниот е Марковите кули, вториот е манастирскиот комплекс „Трескавец" и третиот е просторот на „Баба“. Она по што овој простор е најпознат е средновековниот.“

Законската заштита би значела обврска на државата за поголема грижа и вложување на ова подрачје, но и можност за номинација во повеќе меѓунродни организации кои се занимаваат со грижа и заштита на посебни природни и култруни подрачја во светот, вели Министерот за животна средина, Зоран Шапуриќ:

-„Ова ќе значи можност одредени меѓународни институции, не зборувам значи само за УНЕСКО, да вложуваат и ова подрачје да добие едно посебно значење и посебен третман не само во Македонија, туку и пошироко, на Балканот и во светот.“

Деновиве се очекува да биде донесен и усвоен законот за заштита на локалитетот „Маркови кули" и Смоларскиот водопад.

Со тоа, покрај осумте претходно заштитени целини, Македонија ќе добие уште два нови.

Или, процентуално земено, од досегашните 8%, повеќе од 9% проценти од вкупната територија на Република Македонија ќе бидат заштитени со закон како природна реткост.

Намера на државата е овој процент на заштитени подрачје во наредните 5 години да биде зголемен на 12%.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност